Од сите имиња опфатени со владината реконструкција, најголемо внимание предизвика она на ново предложениот министер за финансии – Зоран Заев, кој треба да биде одобрен од Собранието. Премиерот Зоран Заев од денешниот настан во Валандово најави дека на местото на Драган Тевдовски ќе дојде самиот тој. Ќе извршува две функции, смета дека е способен да стаса да биде и премиер и министер, но вети дека ова ќе биде само на…
Истражувачката репортерска лабораторија изминатите три дена објави серијал стории за надворешните соработници на премиерот Зоран Заев. Тој има вкупно 39 надворешни советници од речиси сите области – од економија, дипломатија, здравство, регионална политика, социјала, спорт, односи со јавноста итн. Меѓу нив има домашни и меѓународни истакнати професионалци, но и контроверзни ангажмани. ИРЛ побара одговори од Владата како се мери нивниот успех или дали имаат резултати во работењето? „За сите тековни…
Во третото продолжение од сторијата „Советничка афера“ ИРЛ објавува нови три имиња кои му се надворешни советници на премиерот Зоран Заев. Мистериозен советник за ЕУ, водител и текстописец на народни песни и новинар. Во првите два дела објавивме дека соработници на Заев му се писателот Венко Андоновски и бизнисменот Александар Ружин, како и Филип Андов – Сокол и Стефани Арсовска. Денес објавуваме кои се советниците за ЕУ интеграции, медиуми и…
Истражувањето на ИРЛ за надворешните соработници на премиерот Зоран Заев предизвикаа лавина реакции на социјалните мрежи, а сторијата ја пренесоа голем дел од медиумите. Реакциите на граѓаните се движат од сарказам и потсмев до револт и разочарување од изборот на советници кои директно му реферираат на Заев. Еве дел од реакциите на социјалните мрежи. Прочитајте ја серијата стории на ИРЛ за тоа кој му дели памет на премиерот.…

















