Press "Enter" to skip to content

Уште 15 дена надеж за 1ТВ, ААВМУ отпочнува постапка за одземање на дозволата

По предлог на претседателот на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, Лазо Петрушевски, Советот денеска донесе решение за отпочнување на постапка за одземање на дозволата на телевизијата 1ТВ која ќе трае во наредните 15 дена. Директорот на ААВМУ, Зоран Трајчевски, пред Советот денеска образложуваше зошто треба да и биде одземена дозволата на телевизијата, а како главни проблеми ги посочи нецелосните информации дали телевизијата ги исполнува минималните кадровски…

Политичкиот пазар во Собрание го кочи функционирањето на неколку државни институции

Надворешната политика изминативе месеци го диктира темпото на активности на домашните политичари, па секојдневно граѓаните од медиумите се бомбардирани за „датумот“. Но во позадина на фамозниот датум, кој го окупира вниманието во јавниот дискурс, во моментов има неколку државни агенции или комисии кои буквално се заглавени поради неуспешниот политички пазар на власта и опозицијата. Државниот завод за ревизија нема ниту директор ниту заменик-директор, Дирекцијата за заштита на личните податоци исто…