Доколку живеете во некоја од десетте скопски општини, Ве молиме одговорете го овој прашалник и помогнете нѝ да ја почнеме борбата против корумпираните со цел да ги заштитиме животите, егзистенцијата и здравјето на сите граѓани, не само на привилегираните. Сама по себе, урбанизацијата не е лош процес. Но, кога животите и здравјето на граѓаните и нивното секојдневно функционирање се нарушени, а мала група на моќни поединци профитира од градежните активности…
„Во Горно маало немаме ништо. Сите само кажувате, а немате ништо исполнето. Од сред село накај Кучково, поминете господине градоначалниче и премиере, да видиме по каква улица одиме ние. Каде ни учат децата, по какви калови одиме“ Вака една жителка од Волково го пречека градоначалникот на општина Ѓорче Петров Александар Наумовски кој кај Волковчани дојде со висок гостин – премиерот и неговиот партиски шеф, Зоран Заев. Тие двајцата, како што…