„Јас немам ниту обврска, ниту право да прашувам и истражувам како се финансира телевизијата пред да прифатам да бидам нивен гостин“, рече денеска министерката за правда Рената Дескоска во интервју на емисијата 360 степени на телевизијата „Алсат“. Дескоска одговараше на прашањето на новинарот Васко Попетревски кој ја праша министерката дали се чувствува непријатно поради своите лични контакти со првоосмничениот во случајот „Рекет“ – Бојан Јовановски. На ова прашање, Дескоска рече…
Кога ќе стане збор за намалување или зголемување на привилегиите на политичарите, тогаш тие секогаш имаат идентичен став. Од позиција на власт или опозиција, и партиите и нивните преставници брзо и тивко се усогласуваат за законите со кои се регулираат нивните права. Така беше кога во неколку наврати кога во Парламентот се гласаа измени во Законот за пратеници, Законот за финансирање на политички партии, Законот за слободен пристап до информации…