Швајцарски тајни Благој Механџиски во јавноста е познат како сопственикот на првиот приватен и најпрофитабилен синџир аптеки во оваа држава. Себеси се нарекува човек од народот. За него и за брендот „Зегин“ во медиумите најчесто ќе прочитате само добри работи. Фармацевтскиот тајкун за себе вели дека нема динар во банка. Но, протечените податоци од швајцарската „Кредит Свис“ ќе нè доведат до првите траги на парите што се употребени за градењето…
Репортажа од отворањето на тендерот за вакцини – новите играчи бараат најголем залак, Македонија Лек конкурира за други вакцини, „Глаксо Клајн Смит“ обвини за фаворизирање. Се борат пет компании: Д-р Пановски, Македонија Лек, Елбијор, Алкалоид Конс и Феникс Фарма. (ФОТО ИРЛ: Претставници на компаниите присуствуваат на отворањето на понудите од тендерот за имунизација во Министерството за здравство“) Сторијата е изработена од Истражувачката репортерска лабораторија – ИРЛ Македонија во партнерство за публикација…