На 16 март 2025 година, Македонија беше потресена од најсмртоносната трагедија во својата понова историја. Пожар во ноќниот клуб „Пулс“ во Кочани однесе 63 животи и повреди повеќе од 200 луѓе. Размерите на трагедијата отворија итни прашања за одговорноста, институционалниот неуспех и корупцијата. Иако пожарот доминираше во јавниот фокус, официјалната истрага изостави клучни поединци чии пропусти му овозможиле на ноќниот клуб да функционира нелегално. Што открија истражувањата на ИРЛ за…
Даночни и пазарни инспектори дел од мрежата помагачи, дивата дискотека „Пулс“ да работи по секоја цена, по осум месеци од трагедијата се лишени од слобода. Обвинителството се сомнева дека примале мито, а за возврат го информирале газда Деко дали и кога ќе има контроли. Двајцата инспектори од УЈП, дел од сторијата на ИРЛ, услугите како информатори ги компензирале со скапи рачни часовници. Известува: Александар Јанев Единаесет нови осомничени инспектори од…
Во реакцијата на Јавното обвинителство на Република Северна Македонија (ЈОРСМ) која следуваше по објавата на истражувањето на ИРЛ за пропуштените можности да се гонат лица чиишто можни кривични дела произлегле од доказите за „Пулс“ и покрај тоа што не биле директно поврзани со пожарот, ЈОРСМ тврди дека законските надлежности на УЈП се однесуваат на контроли за даночни и финансиски прашања, а не на безбедносни аспекти, па од тие причини тие…
ИРЛ откривa дека Фатмир Дехари живее во стан од 172 квадрати во нов станбен комплекс во Кичево, а не во семејната куќа во селото Србица. Станот се води на фирмата „АС Сењак“ во сопственост на бизнисменот Селаудин Арифи. Фирмата „АС Сењак“ е во топ петте фирми со најмногу тендери од општината, а сопственикот Арифи е во сватовска врска со лидерот на ДУИ Али Ахмети. Известува: Маја Јовановска / Илустрации: Лука…

















