Уставниот суд ќе расправа за законитоста на Деталниот урбанистички план (ДУП) со кој што се дозволи градење во зелениот појас на Водно. На седницата одржана во 16ти ноември уставните судии од овој состав проценија дека општината Центар ДУП – от го донела на сомнителен начин. Планот се донесе без мнозинство гласови, а го туркаа советниците на ВМРО – ДПМНЕ. И покрај мнозинскиот јавен револт на скопјани во атмосфера на насилство…
Адвокатот Зоран Стојановски од Тетово е подносителот на иницијативата за оценување на членот 11-а од Законот за помилување од 2016 година. Стојановски иницијативата ја поднел пред три и пол години веднаш по амнестијата на поранешниот Претседател Ѓорѓе Иванов за 56 функционери и зачуден е зошто дури сега највисокиот суд донел одлука да ја разгледува. „Немам одговор на ова прашање. Тоа го знае само Уставниот суд“, рече адвокатот Стојановски за ИРЛ.…
За Уставниот суд подносителот на иницијатива бил ирелевантен. Важна била самата иницијатива, а кој ја поднел не кажувале бидејќи тоа лице можело да има последици по безбедноста. Извори во Судот за ИРЛ велат дека тоа лице е еден од адвокатите на помилуваните – одмилувани од страна на Ѓорѓе Иванов. Веќе два дена Истражувачката Репортерска лабораторија бара одговори од Уставниот суд да го открие името на подносителот на иницијативата за член…