Тимот на ИРЛ ја освои првата награда за истражувачко новинарство на Европската Унија за 2019 година за сторијата „Урбани атентатори“. Наградите на Европската Унија за истражувачко новинарство ги додели амбасадорот на ЕУ во земјава Дејвид Гир во хотелот Александар палас во Скопје. „Оваа награда има за цел да ја препознае специфичната работа на истражувачките новинари и промовира слобода и одговорност. Слобода да се истражува и пишува за прашања од јавен…
Од 2007 до 2015 година во македонското Собрание се направија 104 измени на клучните закони за градење. Преку државно спонзорираните проекти во градежниот сектор за само една деценија, градот радикално се трансформираше. Секој нов урбанистички план овозможуваше неконтролирано градење од една мала моќна група со пари и пријатели во политиката. Промените не беа во функција на подобрување на животот на граѓаните. Таков е случајот со Тафталиџе. Низ пребарувањето на стотици…