Лица без искуство од областа во која биле назначени и лица со завршено основно или средно образование ги управуваат и го надледуваат работењето на јавните претпријатија. Ова го покажува најновата анализа на Социетас Цивилис, „Кој таму управува“. Според анализата во управните и надзорните одбори во мали градови или пак рурални општитини се назначуваат лица со завршено основно или средно образование кое е несоодветно за областа во која се назначени, како…
Дипломиран инженер за храна и вино, со работно искуство во земјоделска аптека и Г. Д. Тиквеш Кавадарци, од октомври минатата година стана член на Надзорниот одбор на Државната лотарија на Македонија. Со одлука на Владата, а со потпис на премиерот Заев, кавадарчанецот Александар Димитријоски е назначен за независен член на оваа државна компанија. Станува збор за државна институција во која петтемина членови на Надзорниот одбор ги избира Владата. Тие ја…