Ќе мора редовно, односно еднаш неделно да се пријавува во Судот, нема да може да патува, но освен удобноста на својот дом, Сашо Мијалков ќе може да ужива и во слободата на движење во Скопје и земјава. Така одлучи Кривичниот совет при Основиот суд 1 којшто единствено му одреди мерки на претпазливост. „Согласно член 481 ст.4 од ЗКП, кога судот ќе изрече во пресудата казна затвор, може да определи обвинетиот…
Поранешниот шеф на Управата за безбедност и контраразузнавање денеска во Кривичниот суд ја дочека првата пресуда за случајот Титаник 2 на Специјалното јавно обвинителство. Судечкиот совет одлучи Мијалков да биде осуден на три години казна затвор за делата кои му се ставаат на товар. На барање на обвинителката Фатиме Фетаи, судечкиот совет одлучи поради можност за бегство на Мијалков до правосилност на пресудата да му се одреди мерка притвор. Заедно…