Press "Enter" to skip to content

Уставниот суд ја „замрзна“ изградбата на бензинската пумпа на „Пуцко Петрол“ во Карпош

Уставниот суд поведе постапка времено да ги запре сите активности околу детален урбанистички план во Карпош каде што беше предвидено компанијата „Пуцко петрол“ да изгради бензиска пумпа. За изградбата на оваа бензиска пумпа, компанијата иако нема одобрение за градба ја тужеше општината Карпош и доби отштета од 2.5 милиони евра. Од конечната одлука на судот ќе зависи дали општината ќе се спаси од нови барања за милионски отштети. Сите шестмина…

Урбани атентатори: Сезона два 

Неколку години по бетонизацијата на Тафталиџе, за која Обвинителството води предистражна постапка, градоначалникот на Карпош, Стевчо Јакимовски, со старите партнери тргнува во нов поход. Фирмата „Аполо инженеринг“, која профитираше од бетонизацијата на Тафталиџе, сега подготвува терен да гради висококатници на местото на поранешното кино „Влае“.  Пишува: Александра Денковска-Гоцевска „Јас го гледам Карпош 30 години напред. Карпошани повторно сакаат весел и цветен Карпош, нешто што беше оваа општина во минатото. Јас…

Првиот работен ден на преродениот урбан атентатор

Неговата ера беше обележана како ера на бетонизација, а медиумите го нарекуваа урбан атентатор. Никогаш не го докажа потеклото на имотот ниту пак се двоумеше да го покаже, слично како не простатлукот за кој беше постојано критикуван. Пишува: Лила Караташева;  Стевчо Јакимовски беше виден член на ЛДП во првата етапа од неговата политичка кариера, профитираше во високи министерски позиции благодарение на коалиците на ЛДП со СДСМ. Се до 2009 година…

Тимот на ИРЛ ја освои првата награда за истражувачко новинарство од Европската Унија

Тимот на ИРЛ ја освои првата награда за истражувачко новинарство на Европската Унија за 2019 година за сторијата „Урбани атентатори“. Урбани атентатори: Како еден посредник, еден градоначалник и неколку бизнисмени го променија Тафталиџе Наградите на Европската Унија за истражувачко новинарство ги додели амбасадорот на ЕУ во земјава Дејвид Гир во хотелот Александар палас во Скопје. „Оваа награда има за цел да ја препознае специфичната работа на истражувачките новинари и промовира…