Истражувањето на ИРЛ за надворешните соработници на премиерот Зоран Заев предизвикаа лавина реакции на социјалните мрежи, а сторијата ја пренесоа голем дел од медиумите. Реакциите на граѓаните се движат од сарказам и потсмев до револт и разочарување од изборот на советници кои директно му реферираат на Заев. Еве дел од реакциите на социјалните мрежи. Прочитајте ја серијата стории на ИРЛ за тоа кој му дели памет на премиерот.…
Партиска младина со спорен професионален багаж, локални мангупи, новинари и водители на фолк фестивали чинат дел од списокот надворешни советници/соработници на премиерот Зоран Заев. Истражувачката репортерска лабораторија повеќе од една година известува за непочитувањата на начелата на системот на заслуги. Клиентелистичкиот однос на администрациите во делењето државни работи и зделки со години е критикувано од страна на Европската Kомисија. Владата на Зоран Заев навести крај на бруталните пракси кои доведоа…
Бројот на надворешни соработници на Зоран Заев порасна на 39 лица. Заедно со редовните сега има вкупно 63 советници. Тоа се две третини од бројката на советници на Никола Груевски, за кој лани владата на СДСМ на јавноста и откри дека за една година потрошил 1,7 милиони евра за 91 советник. Претседателот на владата има постојано вработени државни советници и посебни советници (24) и има право да ангажира неограничен број…
















