Брзиот имонулошки тест којшто во Македонија се нудеше во болницата “Систина”, не е од холандски производител како што се тврдеше, а се откри дека и лажно се декларира како попрецизен одошто е. Тестот за кој се тврдеше дека е 92,9 проценти прецизен, според експертите е обично “ѓубре”. Тимот репортери откри далеку поголеми проблеми на глобално ниво со овој тест. Тестот е кинески и не е прецизен, препакуван е во Холандија…
Државниот санитарен и здравствен инспекторат испитува каков бил третманот на две лица кои починаа од Ковид 19. Првиот пациент е 45 годишниот Р.З. од Куманово, кој не доби брза и итна реакција ниту од државниот систем, ниту пак вистински резултати од приватниот здравствен сектор. А, вториот случај е за смртта на 78-годишен пациент од Велес кој почина пред четири дена, а кој не бил згрижен во инфективното одделение бидејќи според…
Од неподобен за државно КОВИД тестирање до негативен рапид тест – како умре пациентот Р.З. Р.З. е локалниот трговец на градскиот пазар во Куманово. Има две деца и сопруга, за кои до пред само два дена тој преставува столбот на нивниот финансиски опстанок. На 31 март годинава Министерството за здравство соопштува дека четириесет и пет годишно лице кое патело од дијабетис и прекумерна тежина починало од вирусот КОВИД 19. Кумановскиот…
По повод вчерашниот текст објавен на страницата на ИРЛ, болницата „Аџибадем Систина” испрати реакција во којашто бара да се извиниме и да ја објавиме реакцијата во целост, во спротивно ќе не тужи. Тие тврдат дека ги наоѓаат за неточни фактите изнесени во текстот, без притоа да ги посочат кои се неточните наоди. Во реакцијата на приватната болница, помеѓу другото, се вели следново: „Можеме да заклучиме дека исклучително добро располагате со…
















