Конфискуваниот имот на бизнисменот Сеад Кочан, кој е зад решетки, не само што не го заврте бројчаникот на Порта Македонија туку и незаконски се вози по патиштата низ цела држава и го користат луѓе кои се поврзани со него. Случајот покажува дека наспроти правната логика, законите или секој ги чита како што му одговара или се полни со дупки кои сите други ги ползуваат пред државата. Но, се и опасен…
Судскиот совет на денешната седница го разреши Јово Вангеловски од функцијата претседател, поради нестручно и несовесно вршење на функцијата. Барањето за разрешување на Вангеловски беше поднесено пред повеќе од две години, поради одлуката со која му го укина притворот на Сеад Кочан, обвинет во случајот Труст и му овозможи бегство. Вангеловски првиот мандат како претседател на Врховниот суд го доби на 17 јули 2008 година, само неколку месеци откако дојде…