Известува: Пелагија Стојанчова; Графика: Лука Блажев Изминатите три години е забележан бум со фотоволтаици поради енергетската криза. Фотоволтаични централи со моќност колку што би имале 20 централи РЕК Битола чекаат приклучок во мрежа, а таа нема капацитет да прифати толку. Досега се поднесени барања за нови 8 000 мегавати соларни извори, трипати повеќе од што може да поднесе дотраената мрежа. До државната компанија МЕПСО, која се грижи за преносот на…
Уништените капацитети за производство на струја дополнети со актуелните војни во Украина и Блискиот Исток ќе имаат силен импакт врз македонската економија. Додека европските држави одбираат искрен пристап и ги мобилизираат своите жители за тешката зима која следува, македонските власти шират позитивна енергија и подготовеност којашто не се базира на никаква реална анализа. ИРЛ открива дека сите парламентари партии, дури и опозициските, не ги исполнуваат своите одговорности кон граѓаните. Комисијата…
Додека Македонија очајнички бара јаглен и мазут за да ја скрпи зимата, оваа недела се набавила увозна струја по рекордни цени од по 325 евра по мегават час, податок којшто ЕСМ го сокри од јавноста. ИРЛ открива како и институциите и партиите знаеле што ја чека државата во пресрет на светската енергетската криза, но наместо да се грижат за потенцијалните социјални немири и загрозениот животен стандард, тие премолчеле и излажале…