Без позначајна дискусија, собраниската Комисија за избори и именувања донесе одлука да му предложи на Собранието да ја разреши специјалната обвинителка Катица Јанева. „Комисијата без дискусија, со едногласна одлука, го утврди предлогот до Собранието госпоѓата Катица Јанева да биде разрешена од функцијата специјална јавна обвинителка заради незаконито, несовесно и нестручно раководење со институцијата Специјално јавно обвинителство“, изјави Димовски по седницата, која беше затворена за јавноста поради класифицираниот извештај од Советот…
29.8.2019 година Советот на јавни обвинители ќе започне постапка за разрешување на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева. Претседателот на Советот Коле Штерјев, по денешната седница изјави дека оваа одлука била донесена едногласно. Советот должен е да подготви извештај за утврдената фактичка состојба и за основите за разрешување, кој ќе го достави до Собранието. По комисиското разгледување на извештајот и по претходна согласност на четирите партии со најголем број пратеници, Собранието…