Група пратеници сакаат да иницираат јавна собраниска расправа, а пред народните избраници да реферира државниот обвинител Љубомир Јовевски. Интерпелацијата за него е поради сомнеж дека истрагата за пожарот во Модуларната болница во Тетово е намерно саботирана. Поддршка за интерпелацијата најави и опозициската ВМРО – ДПМНЕ. Пет пратеници во Собранието потпишаа интерпелација за работата на државниот обвинител Љубомир Јовевски. На документот стојат потписи на опозициските народни избраници Африм Гаши, Сафије Садики…
32 години држава, 32 години корупција што убива. Со овој слоган и со поставување на 14 изгорени бели маици на местото каде што некогаш се наоѓаше модуларната болница започна денешниот марш со кој се одбележа две годишнина од пожарот во болницата во кој живи изгореа 14 лица. Семејствата на жртвите кои го организираа протестот побараа да се отвори нова истрага за причините за пожарот и да се уапсат вистинските виновници…
Движењето „Подобро за Тетово“ во отворено писмо до Претседателот Стево Пендаровски изрази разочараност од неговиот молк три недели по објавувањето на истражувањето на ИРЛ за пожарот во модуларната болница во Тетово. Документарниот филм „Убиство во Тетово“ беше објавен на 13 август, а Претседателот Пендаровски досега нема ниту едно соопштение за смртта на 14 наши сограѓани. Пендаровски се нема огласено ниту за откритијата на колегите од „Слободен печат“ и „Фокус“ за…
Компанијата „БРАКО“ денеска преку медиумите дистрибуираше соопштение кое содржи напади, навреди, клевети и говор на омраза кон новинарите на ИРЛ. Новинарите на ИРЛ ги категоризира како „канцер на општеството“ коишто работат на штета на македонската економија. Соопштението е реакција на компанијата по повод документарниот филм на ИРЛ „Убиство во Тетово“. Ова е прво официјално обраќање до јавноста на компанијата „БРАКО“ по објавувањето на документарниот филм „Убиство во Тетово“, но и…

















