Press "Enter" to skip to content

Пет илјади граѓани на „игнор“: Пратениците немаат храброст да започнат надзорна расправа за Кочани, Тетово и автобуските несреќи

ИРЛ ги праша пратениците како ќе постапат по повикот за акција во кој 5 000 граѓани побараа надзорна расправа за системските пропусти кои водат до несреќите. Сите пратеници на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ дадоа шокантни изјави – дека тие не одговараат пред избирачите, туку пред партијата. Некои поднесоа и пријави за нарушување на приватноста од страна на ИРЛ поради споделување на нивните службени мејлови, други никогаш го немаат ниту отворено службениот…

Газење врз граѓаните и правдата за спас на корумпирани политичари од СДСМ, ВМРО ДПМНЕ и ДУИ

Корист од скандалозните законски измени ќе имаат поранешни  и актуелни функционери на ВМРО ДПМНЕ, СДСМ и ДУИ. Ако измените се изгласаат ќе се спасат плејада на озлогласени крадци со вакви дела од различни партии како Рамис Мерко, Драги Рашковски, Никола Груевски. Ќар ќе имаат многу корумпирани функционери кои биле судени во последните 10 до 15 години, бидејќи измените ќе важат ретроактивно за неправосилните предмети, а на сила ќе стапат веднаш.…

Нередовно гласаме за нова влада на секои три години

„Аман од избори“! Ова е првиот коментар на обичниот граѓанин изминативе неколку години,  што пак е реален крик на фактот дека веќе 12 години, на речиси секои три, се гласа предвреме. Од 1990 до 2006 година, челниците ги започнувале и ги завршувале своите мандати како што е предвидено според Уставот, односно четири години. Но од 2008 година започнува нова практика кај политичарите, речиси секогаш по настаната политичка криза, а најчесто…

(ВИДЕО) 28 години политичките партии над граѓанинот: Митре Велјаноски никогаш погласен

Митре Велјаноски е (поранешниот) пратеник чиј собраниски говор е „најгледан“ или „најдобар“ во јавниот дискурс. Она што го потенцираше во 2013 година како пратеник од редовите на СДСМ и пораката која ја упатува сега по повод 28 години независност, нема да им се допадне на политичарите. Ако тогаш говорот го одржа од позиција на критичар на власта на Груевски, сега кога СДСМ е владејачка партија, неговите ставови за правичност и…