Уставниот суд одлучи да ја спаси децениската шума на Водно од багерите на бизнисмените кои сакаа зелениот појас да го претворат во елитна населба со бетонски зданија. Судот го укина спорниот Детален урбанистички план за Општина Центар кој овозможи луѓето со моќ и влијание да купат дел од планината и покрај јавниот револт на скопјани кои не се откажаа од намерата да ја заштитат од урбанизација единствената планина во градот.…
Уставниот суд ќе расправа за законитоста на Деталниот урбанистички план (ДУП) со кој што се дозволи градење во зелениот појас на Водно. На седницата одржана во 16ти ноември уставните судии од овој состав проценија дека општината Центар ДУП – от го донела на сомнителен начин. Планот се донесе без мнозинство гласови, а го туркаа советниците на ВМРО – ДПМНЕ. И покрај мнозинскиот јавен револт на скопјани во атмосфера на насилство…
На тротоарот пред Општина Центар, 50 студенти од Архитектонскиот факултет понудија решенија за урбанистичко преобликување на 15 локации во Дебар Маало, со што ќе се ослободи јавниот простор и ќе биде достапен за користење од страна на сите граѓани. Реконструкцијата на Дебар Маало треба да го подобри квалитетот на секојдневното живеење, внесувајќи зеленило и свежина во сивото пренатрупано подрачје. Изложбата се одржа во рамките на кампањата за подобра животна средина…