„Кажете ми, ве молам, како може обвинителите од апелациското подрачје Штип да гласаат за обвинител за чија работа не знаат ништо?“ „Дали победи најдобриот обвинител или најуспешното политичко лобирање?“ Ислам Абази треба да гони организиран криминал, но самиот е прогонуван од минатото со Али Ахмети и видни припадници на таканаречената „огнена група“ на ДУИ. ИРЛ на социјалните мрежи најде стара фотографија на обвинителот Абази и лидерот Ахмети која сугерира дека…
Обвинителот кој беше јавно критикуван поради контроверзната спогодба со Зоран Милески – Кичеец посака да стане дел од таканаречената елитна обвинителска единица, одделението за гонење организиран криминал и корупција. Две работи ги поматија сметките на амбициозниот гостиварски обвинител. Првата е решителноста на членовите на Антикорупциската комисија да ги истражат сомнежите за корупција во постапувањето во случајот со Кичеец. Втората е тоа што обвинителот Арсим Адеми од Гостивар е најниско рангираниот…
Прв пат за прислушуваните разговори, актуелниот премиер Зоран Заев, слушнал во 2013 година во јуни кога станал претседател на СДСМ. Ова денеска го соопшти премиерот во својство на сведок за случајот „Таргет-Тврдина“, каде што беше повикан од обвинителите по неодамнешното сведочење на неговиот советник за безбедност, Зоран Верушевски. Верушевски, како што објаснуваше Заев, го информирал дека партијата располага со документи и материјали во пишана и во аудио форма. Дека материјалите…