Протечените емаил пораки од лондонската фирма Formation House покажуваат како Груевски планирал офшор зона во Македонија по примерот на Гамбија. Требало да се вика Трејд Парк Македонија. Лажни банки и тајна регистрација на фирми се дел од сценариото дизајнирано од лондонскиот консалтинг чијшто основач беше обвинет дека перел пари за ирански нафтени компании кои биле под санкции на САД и ЕУ, за шведскиот организиран криминал и низа светски измамници. Идејата…
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, партијата чиј поранешен лидер е во бегство, осуден за криминал и против кого се водат уште неколку случаи за финансиски криминал тешок милиони евра, вечерва најави изборна програма во која клучно ќе биде владеење на правото и борбата со криминалот и корупцијата. „Во програмата на ВМРО-ДПМНЕ за изборите ќе понудиме нешто што ќе биде надвор од секојдневието за овие наши балкански услови. Суштината ќе биде поделена на…
Премиерот Зоран Заев на денешната трибина на СДСМ „На прав пат“ што се одржа во Велес, освен пофалби за сработеното на Владата, упати и критики до правосудсниот систем. Тој пред велешани вети дека ќе има целосен ветинг на судиите и обвинителите, со цел да се расчисти со корумпираните во нивните редови. Рече дека многу малку случаи кои ги отвори Специјалното јавно обвинителство имаат судска разрешница. А, особено го нагласи предметот…
Прв пат за прислушуваните разговори, актуелниот премиер Зоран Заев, слушнал во 2013 година во јуни кога станал претседател на СДСМ. Ова денеска го соопшти премиерот во својство на сведок за случајот „Таргет-Тврдина“, каде што беше повикан од обвинителите по неодамнешното сведочење на неговиот советник за безбедност, Зоран Верушевски. Верушевски, како што објаснуваше Заев, го информирал дека партијата располага со документи и материјали во пишана и во аудио форма. Дека материјалите…

















