Press "Enter" to skip to content

Кој му дели памет на премиерот: Стефани и Сокол

Партиска младина со спорен професионален багаж, локални мангупи, новинари и водители на фолк фестивали чинат дел од списокот надворешни советници/соработници на премиерот Зоран Заев.  Истражувачката репортерска лабораторија повеќе од една година известува за непочитувањата на начелата на системот на заслуги. Клиентелистичкиот однос на администрациите во делењето државни работи и зделки со години е критикувано од страна на Европската Kомисија. Владата на Зоран Заев навести крај на бруталните пракси кои доведоа…

Тендерите продолжуваат по старата „вмровска“: малку конкуренција и многу фаворизирање

Секоја трета набавка направена со државни пари била  само со една понуда, а фаворизирањето на одредени компании и потиснувањето на конкуренцијата се дел од клучните наоди во новиот извештај на Центарот за граѓански комуникации (ЦКГ) од мониторингот на јавните набавки спроведен во втората половина на 2018 година. „Спроведувањето на јавните набавки од локално ниво се карактеризира со истите проблеми како години наназад: ниска конкуренција, многу тендери со по еден понудувач,…

Избор на истражувачките новинари: Предлози до Заев за операцијата „Метла“

Патни трошоци, тендери доделени на фирми блиски до функционерите на власта, вработувања на роднини во државни институции, градоначалници кои парите на граѓаните ги трошат за свое луксузирање, нетранстранспарентното трошење на буџетски пари. Ова се само дел од аферите кои изминативе две години ги открија новинарите. Откако минатата недела Антикорупциската комисија утврди дека дел од функционерите на СДСМ и ДУИ влијаеле при вработувањето на нивните роднини, премиерот Зоран Заев најави метла.…

Заев најави метла и за министри од СДСМ и ДУИ

Непосредно пред вториот круг на претседателските избори, премиерот Зоран Заев гостуваше во емисијата „Отворено“ на Телевизија 24 . Тој, како и на сите предизборни митинзи и средби на кои присуствуваше со претседателскиот кандидат Стево Пендаровски, најави дека ја примиле пораката која граѓаните ја испратиле во првиот круг и веднаш почнало да се работи на тоа. Според него, една од причинита за слабата излезност во првиот круг од претседателските избори и…