Press "Enter" to skip to content

ДКСК: Поранешениот директор на ЕСМ овозоможил поголем профит за РКМ на Ратко Капушевски

Најскапата државна зделка за купување мазут за ТЕЦ Неготино е коруптивна – се сомнева Државната комисија за спречување на корупција. Компанијата РКМ на бизнисменот и поранешен политичар Ратко Капушевски испорачувала помалку мазут а Електрани на Северна Македонија потпишувала анекси со оваа комапнија на веќе неважечки договори. РКМ и годинава увезува илјадници тони мазут вклучително и од босанската ХИФА Оил за која пред три година беше констатирано дека продавала загадувачко масло…

Мистериозна милионерка од Неготино ја купи пченицата што ја продаваше Владата

Зорка Блажева не е звучно име од бизнис светот и никогаш не се занимавала со трговија на пченица, но менаџира со фирма за отпадна гума „Зока трејд“. Oваа претприемачка сега влегува и во бизнисот со житарици. Даде 1 милион евра и ја откупи пченицата што ја продаваше Владата. Милионерка од Неготино е купувачот на 7.164 тони пченица од државните стоковни резерви. На онлајн аукцијата која се одржа на 26 март…