Лица без искуство од областа во која биле назначени и лица со завршено основно или средно образование ги управуваат и го надледуваат работењето на јавните претпријатија. Ова го покажува најновата анализа на Социетас Цивилис, „Кој таму управува“. Според анализата во управните и надзорните одбори во мали градови или пак рурални општитини се назначуваат лица со завршено основно или средно образование кое е несоодветно за областа во која се назначени, како…
Адвокатот и советникот на премиерот Миле Зечевиќ е предложен за независен член на Надзорниот одбор на Стопанска банка Битола на наредното Собрание на акционери што ќе се одржи на 13 март. Зечевиќ за оваа функција со мандат од четири години доаѓа како предлог на А.Д. „Пелистерка“. Миле Зечевиќ работи како адвокат и е долгогодишен член на раководството на СДСМ. Беше директор на УБК, шеф на изборниот штаб на партијата…
Дипломиран инженер за храна и вино, со работно искуство во земјоделска аптека и Г. Д. Тиквеш Кавадарци, од октомври минатата година стана член на Надзорниот одбор на Државната лотарија на Македонија. Со одлука на Владата, а со потпис на премиерот Заев, кавадарчанецот Александар Димитријоски е назначен за независен член на оваа државна компанија. Станува збор за државна институција во која петтемина членови на Надзорниот одбор ги избира Владата. Тие ја…
Заев постојано се заканува дека ќе заигра „камшикот“ ако администрацијата не се фати за работа. Себеси се најави како борец против непотизмот и партизираната и неефикасна администрација. Додека „камшикарот“ на Заев да дојде, коалиционите партнери во Владата секојдневно вработуваат некој свој и тоа во државни компании познати по „мрсните плати“ и големото влијание во милионски бизниси, како на пример секторот енергитка. Од неодамна во МЕПСО работи Фиторе Бејта Акику, ќерката…