Неможноста навремено и ефикасно да се обезбедат сервиси за граѓаните кои се гарантирани со средствата што граѓаните по основи на даноци и такси ги уплаќаат во буџетот е еден од разорните ефекти на системската корупција. Проблемот може да се илустрира преку актуелните проблеми со вадење на лични документи. Граѓаните веќе неколку месеци поминуваат низ долги и исцрпувачки процедури за задолжителната промена на личните документи. Владата дури и драматично ги поскапе…
Бени Штајнмец, сопственик на групацијата „БСГ Рисорсес“ која беше малцински акционер во „Кунико рисорсес“ компанија која повеќе од 10 години управуваше со „Фени индустрис“ во петокот беше осуден на пет години затвор. Откако беше очигледно дека Кунико нема да го задржи „Фени“, БСГР почна да поднесува тужби во кои го обвинуваше раководството дека переле пари и вршеле измами преку „Фени индустрис“. Израелскиот рударски магнат Бени Штајнмец, сопственик на групацијата „БСГ…
По оставката на заменик-министерот за здравство, Асим Муса, кој во емисијата “Фикс Фаре“ во Албанија беше снимен како зема мито од 50 евра за операција и бара уште 1.000 евра, од ДУИ неговиот потег не само што го поздравија, туку и се пофалија дека „не се како другите“. Пратеникот Артан Груби изјави дека во неговата партија одговорност има и за пет евра, а камоли за Луј Витон чанта. “Во ДУИ…
Бранејќи ја својата чест како доктор кој им служел на граѓаните над 20 години, на прес-конференција на која доцнеше речиси половина час од закажаното време, заменик-министерот за здравство Асим Муса, поднесе оставка. Одговорноста на Муса како службено лице ја доведе во прашање албанската телевизија „Топ Ченел“, која објави видео како наводно зема поткуп за да направи операција на пациент од Албанија во земјава. Истражувањето на „Фикс Фаре“ кое траело три…