Press "Enter" to skip to content

Дубаи документи: Која е македонската елитна група со недвижно богатство во Емиратите

Ова истражување е резултат на шестмесечната истрага предводена од глобалната мрежа на истражувачки новинари која што ги обработи протечените документи обезбедeни од Центарот за напредни одбранбени студии од Вашингтон и норвешкиот медиум Е24. Новинарите пронајдоа најмалку 200 осудени криминалци, бегалци, политичари обвинети за корупција и санкционирани поединци кои поседувале недвижен имот во Дубаи. Дел од овие луѓе се и од Македонија. Известуваат: Давид Илиески и Маја Јовановска; Визуелизација: Лука Блажев,…

Ако пет судии се проверуваат две години, колку време ќе треба да се проверат сите

Институциите газат на прсти околу имотот на судиите. Комбинацијата недостиг на закон за потекло на имот, поделба на надлежности и недостиг на ресурси на Државната комисија за спречување на корупцијата ја комплицира борбата против корупцијата. Имотот на петмина судии, кои беа посочени од американскиот Стејт департман, се испитува веќе две години. Новинарка: Лила Караташева Илустрација: Лука Блажев Поминаа две години откако американскиот Стејт департман именуваше петмина македонски судии кои дозволиле…

Кој и зошто сака да го закопа “Талир”

Во Македонија нема случаи на висока корупција и многу уапсени функционери. Политичарите постојано ги обвинуваат противниците дека се корумпирани. Но, за една работа сите се сложни – кога станува збор за финансиското работење на партиите секоја од нив дава отпор да ги отвори своите трошења и работа транспарентно за граѓаните. Така беше со до “Талир” на СЈО. Но, и овој случај е на прагот да влезе во бесконечната листа на…