Антикорупциската комисија останува изолирана од другите институции кои треба да и’ бидат логистика во борбата против корупцијата. Членовите на ДКСК немаат пристап до базите на ниту еден државен орган од каде можат да црпат податоци за имотната состојба на функционерите. Речиси две години Комисијата не успеа да набави софтвер кој ќе ја поврзе со 17 други институции, како МВР, УЈП, Катастар, Централниот депозитар за хартии од вредност и други. „Во…
Прекршочна пријава ќе поднесе Антикорупциската комисија на в.д. директорката на Клиниката за хематологија Ирина Пановска Ставридис поради тоа што не поднела анкетен лист. На денешната седница на Комисијата, антикорупционерите кажаа дека Пановска Ставридис досега требала четири пати да поднесе анкетен лист за имотната состојба, бидејќи толку пати и бил продолжен мандатот. Наместо тоа Пановска дури на 19 мај 2019 година поднела четири анкетни листови, иако за прв пат како в.д.…