Press "Enter" to skip to content

Судот му го одзеде пасошот на Жан Митрев, обвинителството отвори истрага за измама на пациенти

Судија на претходна постапка го прифати предлогот на скопското Јавно обвинителство и донесе одлука да му го одземе пасошот на доктор Жан Митрев, како мерка на претпазливост поради опасност од бегство.  Оваа мерка доаѓа откако Јавното обвинителство – Скопје денеска донесе одлука за поведување на истражна постапка против сопственикот на приватната клиника за кривично дело Измама на пациенти.  Како што објави ИРЛ, обвинителството бара мерки за претпазливост бидејќи постојат индиции…

Случај Жан Митрев: Обвинителството со индикации дека може да ја напушти државава

Доктор Жан Митрев денеска е повикан на распит во скопското Јавно обвинителство. Обвинителството го повика сопственикот на приватната клиника по добиени информации дека е можно да ја напушти државата. Затоа, како гаранција да спречи негово бегство, Обвинителството бара Кривичниот суд Скопје да му ги одземе патните исправи.   Обвинителството соопшти дека отвори истражна постапка против доктор Митрев за кривично дело „Измама на пациенти“. „Осомничениот, во периодот од април 2020 година до…

Истрагата за „Нечиста крв“ во лер, криво е морето

По документарниот филм „Нечиста крв“ голем број граѓани секојдневно носат преставки до Лекарската комора со барање за ревизија на Ковид лекувањето во болницата Жан Митрев, но и за други приватни и државни клиники. И Лекарската комора и другите надлежни институции со слични оправдувања за спориот тек на надзорите и истрагите: на некој му треба време, на други проблем им се одморите.  Надлежните институции се уште немаат конкретни одговори за јавноста…

Поткаст: Долг е патот на институциите за ред во здравството

По објавување на документарниот филм „Нечиста крв“, ИРЛ сними поткаст „Разговор во Редакција“ во кој гостуваа министерот за здравство Беким Сали и директорката на Фондот за здравствено осигурување, Магдалена Филиповска Грашкоска. Тие дадоа институционални објаснувања на обвинувањата од пациентите и доказите на ИРЛ за несигурното и неетичко лекување на КОВИД пациентите во приватната клиника „Жан Митрев“. Зборуваа  и за незаконското одлевање на пари од Фондот за здравство во приватната болница…