Македонската влада ниту добила покана, ниту пак се размислува за приклучување кон Евроазиска економска унија, иднината на државата е во Европската унија, потенцираше денеска премиерот Зоран Заев, одговарајќи на новинарско прашање. Дел од медиумите објавија дека откако Северна Македонија и Албанија не ги почнаа преговорите со Европската унија, рускиот постојан претставник на ЕУ, Владимир Чижов упатил покана до двете земји за нивно пристапување во Евроазиската унија. „Нема таква покана, ако…
Неуспехот на самитот во Брисел државата да добие датум за старт на преговорите со Европската унија неодамна резултираше со договор помеѓу партиските лидери за нови петти во низа предвремени парламентарни избори. Заев на прес-конференција во саботата не го криеше своето разочарување од европските лидери кои не се согласија Македонија да ги започне пристапните преговори, по што најави избори пред кои на 3.јануари 2020 година ќе поднесе оставка од премиерската позиција.…
„Аман од избори“! Ова е првиот коментар на обичниот граѓанин изминативе неколку години, што пак е реален крик на фактот дека веќе 12 години, на речиси секои три, се гласа предвреме. Од 1990 до 2006 година, челниците ги започнувале и ги завршувале своите мандати како што е предвидено според Уставот, односно четири години. Но од 2008 година започнува нова практика кај политичарите, речиси секогаш по настаната политичка криза, а најчесто…
Лидерите на политичките партии кои вечерва беа на средба кај претседателот Стево Пендаровски стојат зад идејата државата што поскоро да ги почне пристапните преговори со Европската унија. Пендаровски по завршувањето на првиот дел од состанокот пред медиумите изјави дека сите присутни политички партии се согласни дека државата треба што поскоро да ги почне и да ги зварши пристапните преговори со Европската унија. „Имаме јасен државен консензус од релевантните политички лидери…




