Квалитетот на секое ниво на образованието е загрижувачки, а системот на образование останува ранлив на политичко влијание и корупција, стои во извештајот на Европската Комисија. Со имплементација на новиот Закон за високо образование е направен само ограничен напредок и потребни се значителни подобрувања во квалитетот на основното и средното образование. Ниедна од мерките предложени минатата година не се имплементирани и јавните расходи за образование, обука, млади и спорт не се…
Европската Комисија денеска препорача почеток на преговорите со Македонија. Во годишниот извештај на Комисијата стои дека Советот на ЕУ треба сега да отвори преговори со нашата земја за да се поддржат континуираните реформи, а Комисијата би применила засилен пристап за преговарачките поглавја за судството, правдата, слободата и безбедноста во земјата. Еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, пред Европскиот парламент нагласи дека Македонија покажала значаен напредок во реформските задачи поставени минатата година…
Портпаролката на Европската комисија, Маја Коцијанчич, денеска ги потсети сите политички актери во Македонија дека слободата на медиумите и новинарите е од посебна важност за ЕУ.. Европската Комисија, преку портпаролката реагираше на изјавите на вицепремиерот Бујар Османи и на соопштение на Министерството за здравство. Во двата случаи се формулирани закани за „правни последици“ кон медиуми за начинот на известување. Е „Нашиот извештај во 2018 истакна дека иако постои подобрување на…