Владата потфрли – две министерки сметаат дека треба да се ревидира одлуката за спојување на концесиите за ископ на бакар и злато на „Еуромакс ресоурцес“. ИРЛ открива како изгледала владината седница на која се одлучувало за иднината на богатиот земјоделски Југоисточен регион. Прашањето за концесиите дошло како дополнителна точка на дневниот ред, а неа ја предложил министерот за економија Крешник Бектеши. Министрите немале никакви прашања и сите гласале „за“, затоа…
Јавните настапи на политичарите се еднонасочни, а се почесто нивна целна група се само партиските бази. Ретко кога премиерот или министерите ги информираат граѓаните за важни информации преку социјалните мрежи бидејќи нивниот ПР овие платформи најчесто ги користи за нивна лична промоција. Ако одредена објава има ефект кога се однесува на македонски политичар, новинарските факти и докази не важат за политичари од ДУИ, оти тие одговорност полагале само пред лидерот…
Груби не признава корупција во ДУИ, но не е шокиран од изјавите на американската амбасада за назначувањето на Ислам Абази за обвинител за организиран криминал. Признава дека имало корупција и криминал во Македонија, па ги повтори старите заложби на ДУИ и СДСМ за ветинг во судството. На вечерата со Заев, сепак не зборувале за маките на граѓаните Македонци и Албанци со правосудството и системската неправда. Пишува: Бојан Стојановски Започна во…
„Кажете ми, ве молам, како може обвинителите од апелациското подрачје Штип да гласаат за обвинител за чија работа не знаат ништо?“ „Дали победи најдобриот обвинител или најуспешното политичко лобирање?“ Ислам Абази треба да гони организиран криминал, но самиот е прогонуван од минатото со Али Ахмети и видни припадници на таканаречената „огнена група“ на ДУИ. ИРЛ на социјалните мрежи најде стара фотографија на обвинителот Абази и лидерот Ахмети која сугерира дека…

















