Press "Enter" to skip to content

Поенти од трибина за корупција со Васко Наумовски: Угледот на функционерите поважен од јавниот интерес

Поранешни и сегашни функционери членови на ВМРО-ДПМНЕ, денеска во хотелот „Холидеј ин“ се собраа со експерти, професори и претставници на Антикорупциската комисија за како да се подобри работата на ова тело. Настанот беше организиран од фондацијата „Конрад Аденауер“ и Институтот за општественни истражувања МК91. Модераторот Васко Наумовски е претседател на Институтот за општествени истражувања МК91, поранешен амбасадор во САД и екс вицепремиер во Владата на Никола Груевски од 2009 до 2011…

ДКСК ќе ги истражува набавките на возилата на Мерко и Вангеловски и како се продало земјиштето кај „Холидеј ин“

Антикорупциската комисија денеска на седница отвори повеќе постапки за судир на интереси, незаконски набавки на возила и вработувања во државни институции. Дел од предметите за кои се отвара истрага, Антикорупциска комисија ги отвора по сопствена иницијатиа, додека дел се по пријава од граѓани или пак политички партии. На денешната седница, антикорупционерите едногласно одлучија да отворат постапка за продажбата на земјиштето кај „Холидеј ин“ на кое е предвидено да се изградат…

Законот за спречување на корупција повлечен под притисок на Европската Комисија

Антикорупциска нема, а барања за истражување судир на интереси постојано пристигаат. Се чека на новиот закон за антикорупција којшто требаше да биде изгласан минатата недела, но безуспешно. Владата тврди дека сакале подобар и поевропски закон, но ИРЛ дојде за информации дека забелешките за предложениот закон се токму од Европската комисија.  Откако предлог-законот за спречување корупција и судир на интереси помина низ неколку собраниски филтри, Владата на последната седница, на 28…