Компанијата Феро Инвест, испрати демант на сторија објавена на irl.mk. Демантот се однесува на одговорот на демант кој Истражувачката репортерска лабараторија го подготви, откако речиси синхронизирано реакции до нашата редакција пристигнаа лично од господниот Кочо Анѓушев и фирмата Соларпро Холдинг од Софија. ИРЛ веќе ги објави наведените деманти иако Феро Инвест во јавен напад кон ИРЛ преку други медиуми и пиар лажно информираше дека ИРЛ не ги објавила нивните деманти. …
Кабинетот на министерот без ресор задолжен за транспарентност, отчетност и комуникации, Роберт Поповски, испрати реакција до Истражувачката репортерска лабораторија во којашто ги обвини репортерите на ИРЛ дека излажале во текстот којшто беше објавен денеска попладне. Иако не го употреби зборот „лага“ тој во дописот испратен до сите редакции обвини дека известувањето на ИРЛ било неточно. Во сторијата ИРЛ го пренесе сведоштвото на својот новинар Давид Илиески во којшто тој пренесе…