Press "Enter" to skip to content

Црквата „Св. Константин и Елена“ на чекор да стане стечајна маса, Минчо Јорданов побара банкрот поради долг од 1,1 милион евра

Стотици фирми и граѓани донираа пари за изградба на црквата „Свети Константин и Елена“ во центарот на Скопје. Црквата се уште не е изградена, а фондацијата „Св. Цар Константин“ преку која се собираа парите е пред стечај. Постапка за стечај поднесе изведувачот, градежната фирма Бетон од Скопје на бизнисменот Минчо Јорданов, поради неисплатен долг од 1,1 милион евра. Пред точно осум години во центарот на Скопје, на улицата „Македонија“ беа…

Тајната вечера: Како МПЦ со партиска поддршка собра 2 милиона евра за црквата на улица „Македонија“

ИРЛ Македонија за прв пат ги открива сите 440 донатори, меѓу кои најголемиот е ЕВН, со 500,000 евра. Организацијата била партиска, а висината на донациите се „сугерирала“. Истражувачката репортерска лаборатија открива дека државни институции и бизнисмени чии фирми добро профитираа од државните тендери од „Скопје 2014“ се најголемите донатори за фондацијата на Македонската православна црква за да ја изгради црквата Св. Константин и Елена“ на улицата Македонија. Проектот беше онолку…

Сакате да ви тргне со државно-спонзорирани зделки? Прво донирајте во МПЦ

Сите ја знаат приказната за рускиот бизнисмен кој случајно се вљубува во Македонија и решава тука да се пресели своите бизниси и своето семејство. Годината е симболична – 2006 година, или онаа кога во Македонија почнува декадата на Никола Груевски и неговите блиски соработници и роднини. Сергеј Самсоненко станува виден скопјанец кој често се гледаше во друштво на високи функционери и бизнисмени. Колку подолго седеше, толку повеќе се зголемуваа зделките…