Најтешко е да се освои власта. Потоа се е предвидено и познато. Ветувањето во изборната кампања за „едно општество за сите“ паѓа во вода со првото именување на директор во државна институција. На раководна позиција најчесто доаѓа лојален член на владејачка партија и покрај задолжителните конкурси. Крај на клиентализмот требаше да стави Законот за висока раководна служба според кој директорите ќе се бираат според професионални, а не партиски заслуги. Но,…
Новинарските и медиумските организации се противат на идејата на премиерот Зоран Заев да им се дозволи на општините и на нивните јавни претпријатија да трошат пари во локалните и регионалните медиуми, а не ја споделуваат ниту неговата загриженост за решавање на проблемот на финансиската одржливост на медиумите со јавни пари. Пишува: Насер Селмани Новинарските и медиумските организации вчера силно се спротивставија на најавата на премиерот Зоран Заев за укинување на…
Пазарот со билборди е мал, но во него пливаат крупни и чудни риби. Оваа изборна година компаниите со билборди заработија 600,000 евра од партиите, a за нив се плати од државниот буџет. Меѓу старите ѕверки на пазарот како „Скринмедиа“ или „ОК медиа“, во друштвото дојде и една мала компанија во сопственост на пријател на рускиот бизнисмен Сергеј Самсоненко. Ниматула Богавдинов има романски пасош, но е руски државјанин. Ја отворил „Импакт…
БЕГ одбрал снабдувач со мазут за целата грејна сезона во случај да снема или да не успее да набави гас. Теоретски, ако се оствари најцрното сценарио и БЕГ мора да ги грее скопјани на мазут, тие ќе побараат достава од тендерскиот победник. За разлика од гасот, мазутот е голем аерозагадувач. Победник на оваа потенцијално мрсна зделка е фирмата РКМ на поранешниот државен службеник од ВМРО ДПМНЕ и поранешен соработник на…

















