Минчо Јорданов го темели својот успех на остатоците од општествените претпријатија и на контроверзни државно спонзорирани зделки. Но, додека ја градел бизнис-империјата, истовремено чувал милиони на непријавени сметки во Швајцарија. Податоците што беа споделени со германскиот национален весник „Зидојче цајтунг“ и Меѓународниот проект за известување за организиран криминал и корупција (OCCRP) откриваат досега непознати детали за патот на Јорданов од социјалистички службеник од јавен интерес до балкански тајкун. Известуваат: Сашка…
Поранешниот премиер Владо Бучковски денеска во завршните зборови на судењето за „Тенковски делови“ кажа дека му била украдена победата, бидејќи тој и другите обвинети покажале дека нема дело, а обвинителството се повлече поради застарување на делото и на тој начин не им дозволи да докажат дека не се виновни. Сепак, рече тој, во нерамноправна борба ги победиле креаторите на случајот, поранешниот министер за правда Михајло Маневски и неговата сопруга Филимена,…