Во Македонија не само што нема истраги, туку дел од институциите ги спречуваат напорите на новинарите да откријат што се случило и дали земјата има силни механизми да ги заштити граѓаните од оние кои би можеле да профитираат на сметка на здравјето на граѓаните. Низата настани кои следуваат се дел од макотрпниот институционален пат на ИРЛ да ги добие одговорите за кои што надлежните не се заинтересирани Пишува: Давид Илиески,…
Најмалку седум јавни здравствени институции набавиле маски кои имале лажни и невалидини сертификати за квалитет и се под истрага на Европската канцеларија против измами ОЛАФ. Маските биле кинески, а институциите ги набавиле на тендер. Трите македонски компании ги увезле, купиле и продале спорните маски од типот КН95 се „Др Пановски АД“, „Систина Фармација“ и „КМ Маријан“. Агенцијата за лекови „МАЛМЕД“ не вршела проверки на квалитетот на увезената заштитна опрема затоа…
Претседателката на Државната комисија за спречивање на корупција, Билјана Ивановска вели дека Арбен Зибери може да биде разрешен од функцијата директор на Центарот за јавно здравје иако е изборна кампања. Единствено не може да биде отпуштен од рабоното место додека кампањата трае. „Ние како комисија не гледаме правни пречки за да се спроведе мислата на министерот, дотолку повеќе што во забраните во изборниот законик и во нашиот закон стои дека…