Претседателот Стево Пендаровски најави дека ќе донесе нова одлука за вонредна состојба за наредните 30 дена. Тоа нема да биде продолжување на кризната состојба која завршува денеска бидејќи во моментов нема таква можност затоа што Собранието не работи. „Јасно е дека уставотворецот нема предвидено ваква ситуација, Собранието да не работи и да не може да ја потврди мојата прва одлука за вонредната ситуација. Во ситуација кога пратениците земаат плата, кога…
Државниот санитарен и здравствен инспекторат испитува каков бил третманот на две лица кои починаа од Ковид 19. Првиот пациент е 45 годишниот Р.З. од Куманово, кој не доби брза и итна реакција ниту од државниот систем, ниту пак вистински резултати од приватниот здравствен сектор. А, вториот случај е за смртта на 78-годишен пациент од Велес кој почина пред четири дена, а кој не бил згрижен во инфективното одделение бидејќи според…
Во земјава вкупно се направени околу 1.000 тестови во Институтот за јавно здравје заклучно со 25 март. Тестови масовно се прават и во приватната болница Жан Митрев, каде до 23 март таму се направени 835 теста или речиси исто онолку колку и во државните болници. Ден пред појавата на првиот случај на Ковид-19 во земјава, на 25 февруари, Клиничката болница „Жан Митрев“ на својата веб страница објави дека врши тестирања…
Се смета за еден од најбогатите Македонци, беше дел и од „Форбс“ листата. Тоа е човекот кој како ретко кој друг граѓанин може да изброи 1.5 милиони евра во кеш и да ги предаде на рекетари. Според едни тој е рекетирана жртва, според други, тој е поткупувач. Се пожали дека не му било лесно да ги собере овие пари. Во судницата влезе како сведок, а не како поткупувач. Се претстави…