Претседателот Стево Пендаровски се откажува од државните привилегии кои му следуваат по истекот на мандатот. Во изјава за тв 24 од неговиот Кабинет велат дека тој ќе се откаже од правото на користење на канцеларии со соработници и од доживотната претседателска пензија. „По истекот на мандатот претседателот смета дека би требало да му се обезбеди просторија во некоја од државните институции каде би ги извршувал протоколарните активности“ – велат од…
Антикорупциската комисија бара да им се укинат привилегиите на поранешните претседатели на државата. Во изминатите 10 години за кирии, комуналии, службени возила и вработени во нивните канцеларии од државниот буџет исплатени се 1.000.000 евра. „За сиромашна како што е нашата, привилегиите на поранешните претседатели се луксуз кој треба да се преиспита“, рече на денешната седница претседателката Билјана Ивановска. По основ на кирии, од буџетот месечно се исплаќаат 4.500 евра за…
Дојде како претседател на Република Македонија, а ќе замине како поранешен претседател на Република Северна Македонија. Побогат за 100.000 евра и со два нови стана. Што ќе работи Ѓорге Иванов по 5 мај, а што прави Бранко Црвенковски? ИРЛ анализира какви бенефиици им следуваат на поранешните претседатели и како истите го користат или не го користат својот политички авторитет по заминувањето од функција. Се ситнат последните денови од вториот мандат…