Press "Enter" to skip to content

Партиски списоци за фотељи наместо систем на заслуги по мерак на шефовите

Премиерот Ковачевски го презема мандатот од Заев со ветување дека во неговата власт ќе нема место за политикантство туку само за системот на вредности и заслуги.  Тоа не се исполни кога се назначуваа повеќе од 40 директори и заменици во само една година. За илустрација, преведувач стана директор на Агенцијата за странски инвестиции, а донатор на ДУИ се смести во Царината како заменик – директор. Политичкиот договор за влегувањето на…

Поглавје „Правосудство”: Почнува ли бунтот на „малите” луѓе

Наташа Димитриевска во сообраќајна несреќа ги загуби својот сопруг и нероденото дете, а виновникот излезе речиси неказнет. Навидум, овој случај не е ништо посебен во однос на стотици други вакви кои биле дел од дневниот билтен на полицијата во минатата деценија. Но, отпорот на Наташа и нејзината јавна борба со обвинителите и судиите поттикнува и други граѓани да се побунат против судската власт. Зачетокот на овој мал граѓански бунт доаѓа…

Можат ли повеќе и подобро: Со кои сили новата влада ќе се бори против корупцијата

ИРЛ ги анализира старо-новите предизвици во борбата со корупцијата и организираниот криминал коишто се дел од клучните стратешки приоритети за земјите на Западен Балкан одредени во документите на домашните и европските институции. Борбата против корупцијата ја донесе владата на СДСМ на власт во 2016 година. Крајот на нивниот мандат заврши речиси трагично и доведе до затворање на СЈО. Предизвикот останува, а дополнително Македонија ќе ги отвара и поглавјата 23 и…