Двајца министри, претседател на Парламент и претседателка на Антикорупциска комисија, како и невропсихијатар ја отворија работилницата со која се означи почеток на процесот за изготвување Национална стратегија за спречување на корупцијата 2020 – 2024. А, во публиката ракоплескаа министрите Венко Филипче, Дамјан Манчевски, Горан Сугарески, Арбер Адеми, Мила Царовска и голем број пратеници од власта. Првата антикорупционерка, Билјана Ивановска, најави дека во следните два месеца во соработка со повеќе институции,…
Антикорупциската комисија бара да им се укинат привилегиите на поранешните претседатели на државата. Во изминатите 10 години за кирии, комуналии, службени возила и вработени во нивните канцеларии од државниот буџет исплатени се 1.000.000 евра. „За сиромашна како што е нашата, привилегиите на поранешните претседатели се луксуз кој треба да се преиспита“, рече на денешната седница претседателката Билјана Ивановска. По основ на кирии, од буџетот месечно се исплаќаат 4.500 евра за…















