Press "Enter" to skip to content

Статистички побезбедно е да си член на нарко-картел, отколку жена со пријава за насилство

Во изминатата деценија (2016 – 2026) во Македонија загинале трипати повеќе жени во убиства отколку што загинале припадници на мафијашките кланови и полицајци во сите големи акции за сузбивање на организираниот криминал заедно. Кога премиерот на 5 мај претепувањето на жена од страна на член на владиното обезбедување ќе го нарече „мал престап“, во следните пет дена ќе загине уште една жена, во следните 16 две. Кривичните дела за семејно насилство скокаат за 70,5% само во мај 2026 (191 кривично дело наспроти 112 претходната година). Тежината на зборовите на моќните и непостапувањето ќе ја направат 2026 година рекордна по фемициди од постоењето на државата.

Колумна на Сашка Цветковска

За насилниците со партиско „педигре“ како мајката на насилникот и видна партиска фигура, Љубинка Корабоска, баш и не било важно дали Сара ќе умре, важно било да го „избават“ синот. Статистички – нејзините шанси да преживее обид за убиство од партнер се најмалите во земјава од сите можни видови на убиства именувани во некој бескорисен закон. Морално и законски – по фемицидите годинава, политички Сара не смееше да биде вест на денот, а обидот за убиство и негово заташкување не требаше да се случат. Не меѓу одговорните, обзирните и морални политичари и јавни службеници.

Во Македонија, насилникот од подземјето има поголема шанса да го преживее судирот со државата отколку што жртвата на семејно насилство има шанса да го преживее својот партнер.

Тргнете ги настрана политичките говори и погледнете ја суровата математика на смртта во Македонија, и пред вас ќе излезе застрашувачка вистина: најопасното место во оваа држава не е мафијашкиот агол на улицата – туку сопствената дневна соба на жената. Во изминатата деценија, околу 54 жени беа убиени во семејни фемициди – доволно жртви за да се наполни цел еден туристички автобус, и речиси двојно повеќе од околу 25 до 30 загинати во криминални улични престрелки или 10 до 15 убиени при разбојништва. Уште пошокантно е што крвопролевањето забрза откако пратениците конечно го внесоа „фемицидот“ во Кривичниот законик во март 2023 година. Од стапувањето на тој закон на сила до денес, свирепо се убиени најмалку 27 жени и девојчиња, со што годишниот биланс се дуплираше од три на речиси седум жртви годишно, а Македонија се искачи на срамното 3-то место во цела Европа по број на фемициди од интимен партнер по глава на жител. Денес, речиси секое второ убиство во земјава е фемицид.

Но, она што владините прес-конференции упорно го премолчуваат е институционалното распаѓање зад овие бројки. Додека стотици до заби вооружени специјалци и интервентни полицајци патролираат по улиците бркајќи банди, цел главен град како Скопје е оставен на 11 инспектори за семејно насилство должни да се справуваат со над 4.700 пријави годишно – и тоа во година кога кривичните дела за семејно насилство скокнаа за над 70% само оваа пролет.

Во случаи како оние во Велес и Карпош, жртвите поднеле над 10 официјални пријави до полицијата и обвинителството пред да бидат убиени, но биле целосно игнорирани. Уште пострашно, неколку жени меѓу 2023 и 2026 година беа убиени за помалку од 24 до 48 часа откако полицијата ги пуштила насилниците само со усна опомена или прекршочна пријава. А кога на крајот се броеја мртвите, над 50 полициски службеници посочени во внатрешните контроли за непостапување по активни пријави поминаа без ниту еден ден затвор и без ниту еден отказ. Ова не се ненадејни, непредвидливи трагедии; ова се егзекуции во забавена снимка, извршени откако жртвите тропнале на полициските врати, молеле за спас и биле вратени дома за да бидат убиени.

Зошто фемицидидот не е само уште едно убиство

Секојпат кога некоја жена ќе биде застрелана, избодена или задавена од својот партнер, јавноста ја слуша истата релативизација: „Убиство си е убиство, зошто да го делиме по пол?“

Но, сепак, фемицидот не е само обично убиство. Одговорот е во мотивот, предвидливоста и соучесништвото на системот. Фемицидот не е никаква случајност, или како што вели премиерот „инцидент“, ниту е пресметка меѓу двајца еднакво вооружени противници. Тоа е најекстремниот крај на еден долг, системски синџир на контрола, омаловажување, закани и ќотек, мотивиран од чувството на машка надмоќ и сопственост врз телото и животот на жената.

За разлика од речиси сите други убиства, статистички фемицидот е најпредвидливото кривично дело. Глобалната дата и криминалистичките науки недвосмислено укажуваат на тоа дека во најголем број случаи, убиецот веќе бил пријавуван, институциите ги знаеле неговите закани, а жртвата со месеци молела за спас. Оттука, институциите би требало да имаат и највисок успех во превенцијата на овие дела со минимум ресурси. Успех не само што не се случи, туку нештата денес ескалираат дотаму што 2026 година е година со најголем број на фемициди, дури 46 проценти од вкупниот број на убиства. Годината не ни завршила.

Откако фемицидот конечно влезе во Кривичниот законик, убиствата не забавија туку забрзаа.

На овој неуспех му претходеше еден голем наводен успех којшто беше поддржан од тогашната власт. Тој е клучен за да разбереме колку се опасни површноста, незнаењето, негрижата, нехуманоста и безобразноста на оние кои одлучуваат за нас во парламентот и високите кабинети.

Наводно, „женските“ проблеми ќе беа решени со нов закон во којшто конечно ќе се признае фемицидот како посебно дело – убиство мотивирано од омраза кон жената.

Кога во март 2023 година се донесоа (едвај) измените во Кривичниот законик (член 123) со кои што фемицидот конечно стана посебно кривично дело, настанот беше пречекано со фанфари, политичарите се фотографираа, си честитаа за „историскиот чекор“ и прогласија победа. А потоа (СДСМ-ДУИ) одбија да градат засолништа или шелтер центри за жртвите. Еден од нив чинеше помалку од кабинетот на Артан Груби.

Бескорисноста на овој закон нема потреба да биде елаборирана, резултатите од истиот се едноставно – трагични. Во двете години пред криминализацијата на фемицидот, во земјава биле убиени вкупно 6 жени (4 во 2021 и 2 во 2022 година). По носењето на законот, бројот на убиени жени и девојчиња експлодираше на 14 жртви — пораст од фрапантни 133% (со 9 убиства само во 2023 и 5 во 2024 година), по што трендот продолжи со 6 убиени жени во 2025 и нови 7 жртви во 2026 година.

Овој скок од 133 проценти не е случајност. Тој покажува дека кога државата ќе донесе строг закон, а во исто време ќе ги остави шелтер-центрите без денар, ќе ги заглави реформите во фиока и ќе го амнестира секој полицаец и обвинител што не постапил по пријава, насилниците ја читаат пораката кристално јасно: законот е само декор, на терен сè уште важи правото на посилниот.

Првобитниот грешник: Заев и Спасовски први го јавнаа бранот на женската помор третирајќи ги фемицидите како „приватни расправии“

Актуелните дебати често се фокусираат на поновите политички пропусти, организациите за заштита на правата на жените и правните аналитичари корените на системските неуспеси во спречувањето на родово базираното насилство во Северна Македонија ги лоцираат кај претходната влада предводена од СДСМ, под водство на поранешниот премиер Зоран Заев и долгогодишниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски. И покрај ратификацијата на Истанбулската конвенција во 2017 година проследена со ветувања за реформи, владата беше широко критикувана поради одржувањето на длабок јаз меѓу законските заложби и институционалното постапување.

Под раководство на Спасовски, Министерството за внатрешни работи постојано потфрлаше во воспоставувањето ефикасни протоколи за процена на ризик и во повикувањето на одговорност на полициските службеници кога пријавите за семејно насилство беа отфрлани како „приватни расправии“ образец на негрижа што граѓанскиот сектор го документираше во бројни случаи на фемицид во кои жртвите претходно побарале полициска заштита.

Ваквата институционална инертност беше најочигледна за време на скандалот со групата „Јавна соба“ на Телеграм, каде што илјадници корисници без согласност споделуваа експлицитни фотографии и лични податоци од жени и малолетни девојчиња. По првичното разоткривање на групата на почетокот на 2020 година, надлежните институции не успеаја да обезбедат суштинско кривично гонење, со што овозможија една година подоцна да се појави уште поголема верзија на истата мрежа и ги принудија жените да излезат на улица за да побараат основна државна заштита.

Со одолговлекувањето на клучните измени на Кривичниот законик сè до 2023 година, вклучително и гонењето по службена должност за родово базирано насилство и демнење, како и со одбивањето фемицидот да се дефинира како посебно кривично дело, раководството на Заев и Спасовски втемели култура на постапување што го нормализираше реактивното справување со кризи наместо вистинската превенција.

Високата цена на зборот на новиот моќен маж: По секоја жртва следува минимизирачка политичка изјава, по секоја изјава уште жртви

Зборовите на луѓето на власт никогаш не се само обични реченици. Тоа би требало да биде веќе научено од претходната власт. И секој што му пишува говори на премиерот треба повеќе да се потруди или да се отпушти, ако се има во предвид статистиката и првобитните гревови на нивните наводно омразени противници.

Кога еден премиер, министер или институција јавно ќе го минимизира насилството, тој збор патува низ целата вертикала на моќта — од полицаецот на шалтер кој ќе ѝ каже на претепаната жена „оди си дома, смирете се“, преку обвинителот кој ќе го стави предметот на дното од фиоката, па сè до насилникот дома кој добива потврда дека неговото ѕверство е само „ситница“. Терминолошкото разводнување на фемицидот и семејното насилство не е лапсус, тоа е директна дозвола за убиство.

Погледнете ја оваа хронологија на институционални изјави во последните пет години, а потоа и крвавиот епилог што уследил веднаш по нив. Зборовите на оние со моќ и влијание навистина можат да убијат.

 Тежината на зборовите: Кога функционерите релативизираат, жените плаќаат со живот
Тежината на зборовите: Кога функционерите релативизираат, жените плаќаат со живот

Статистиката покажува дека системот убива повеќе жени од членови на банди и опасни криминалци

Во изминатата деценија (2016 – 2026), во најголемите и најризични полициски акции за сузбивање на организираниот криминал и вооружените групи во Македонија, вклучувајќи ги и големите операции за разбивање на скопските мафијашки кланови како „Беланоца-Барон“ и „Дуќанџик/Грчец“, како и акциите против нелегална трговија со оружје. При самите полициски интервенции загинаа 0 лица (или вкупно 18 лица доколку во пресметката се вклучи и вооружената престрелка во кумановско „Диво Насеље“ од 2015 година, каде што загинаа 8 полицајци и 10 припадници на вооружената група).

За споредба, во приближно истиот десетгодишен период (2017 – 2026), далеку од очите на јавноста и без специјални полициски акции, во Македонија се убиени над 55 жени (најмалку 52 жени заклучно со 2025 година и дополнителни случаи регистрирани во 2026 година). Според податоците на граѓанските организации, повеќе од 80% од овие убиства се фемициди извршени во домот, од страна на сегашни или поранешни партнери и членови на семејството. Додека државата вложува максимални оперативни капацитети во сузбивање на уличниот и организираниот криминал, најсмртоносното место за жените во земјава останува нивниот сопствен дом.

Бројките не се судбина, туку јасен политички избор

Кога ќе се подвлече цртата, секоја бројка во оваа анализа стои на своето место со една единствена цел: да докаже дека во Македонија жените не умираат од „несреќни околности“, туку од широко распространета злоба, безобѕирност и омраза, а потоа и незнаење, површност и глупост на избраните доверители на народот. Државата која умее да мобилизира цели баталјони специјалци за да уапси криминален клан е истата држава која не умее да спроведе една судска забрана за приближување за да спаси 17-годишно девојче или мајка со шестгодишно дете. Сè додека власта го нарекува претепувањето „мал престап“ и „инцидент“ и сè додека разноразни некфалификувани Љубинки делат и директорски фотелји и улична правда – најопасното место за живеење во оваа земја нема да биде подземјето — туку домот на секоја жена.

Најпосле, не можеме да бараме како општество да се лежи за криминалот и корупцијата и да се вратат парите, кога кратците не само тоа. Тие без заддршка би ја жртвувале, понижиле и закопале тивко секоја Сара или Билјана за да и помогнат на некоја своја Љубинка ставајќи ја бесрамно на увид целата своја нехуманост, алчност и примитивизам.

За методологијата и недостатокот на официјални податоци:

Оваа споредба се соочува со сериозен институционален предизвик: во Македонија е исклучително тешко да се дојде до прецизни, конзистентни и јавно достапни податоци. Додека за полициските акции против организираниот криминал постојат детални соопштенија, судски списи и медиумски архиви, државата со децении не водеше единствен, родово разделен регистар за убиствата на жени и фемицидите. Бројките за убиените жени не се достапни на едно место, туку мора макотрпно да се реконструираат преку вкрстување на поединечни годишни извештаи на МВР, барања за слободен пристап до информации од јавен карактер, судски пресуди и мониторингот на граѓанските организации како Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство. Поради ваквата фрагментираност на податоците, споредбата е ограничена на последната деценија (2016–2026), бидејќи за периодот од независноста до 2015 година воопшто не постои систематска државна евиденција за родово базираните убиства.

 

Сашка Цветковска

Сашка Цветковска

Главен и одговорен уредник

Сашка Цветковска е меѓународно наградуван истражувачки новинар и главен уредник на Истражувачка репортерска лабораторија. Цветковска работела на голем број национални и прекугранични истраги кои открија домашен и меѓународен криминал, корупција, недозволена трговија со оружје и војни со дезинформации. Истражувањата на кои што работела биле објавувани во Гардијан, Базфид, Зидојче Цајтунг и други. Нејзините сегашни одговорности се фокусирани на зголемување на влијанието на истражувачко известување преку создавање нови наративи на приказните преку филм и кампањи. Во таа насока во моментов ја извршува позицијата продуцент на документарен истражувачки серијал Редакција. Цветковска десет години е дел од истражувачкиот тим на Меѓународниот проект за известување за организиран криминал и корупција, меѓународна медиумска организација поврзана со ИРЛ. Била член на Бордот на директорит на OCCRP и на Здружението на новинари на Македонија.

Елена Митревска Цуцковска

Елена Митревска Цуцковска

Уредник за развој и операции

Елена Митревска Цуцковска е коосновач на ИРЛ и заедно со уредникот е одговорна за следење и дизајн на процесот на импленетанција на активностите на ИРЛ. Таа е проектен директор на документарниот серијал Редакција. Со новинарите соработува повеќе од 10 години и работела и на други технолошки решенија за подобро пребарување на јавните дати бази на податоци кои ги употребуват нашите репортери со цел нивната работа да биде побрза и поефикасна. По професија е софтвер инженер и графички дијзанер и таа е воедно и првиот технолошки експерт кој е обучен и работи во сферата на медиумите. Дел е од прекугранчата група на технолошки експерти на OCCRP и со своите поинакви вештини допринесува во прибирање и анализа на информации и како истражувач во ИРЛ.

Бојан Стојановски

Бојан Стојановски

Заменик главен и одговорен уредник

Бојан Стојановски е дипломинаран новинар со над десет годишно искуство во медиуми. Работел во телевизиите Алфа, 24 Вести и Алсат од каде доаѓа и станува дел од тимот на ИРЛ. Стојановски низ кариерата следел теми од областа на судството, криминал, корупција. Во 2013 - та година ја добива наградата „Никола Младенов“ за истражувачко новинарство, на тема „Вработување во јавната администрација преку партиски список“.

Деница Чадиковска

Деница Чадиковска

Уредник за развој и операции

Деница Чадиковска е дипломиран психолог, која својата новинарска кариера ја започнува во 2017 година како коавтор и копродуцент на младинската емисија Крик. Чадиковска стана дел од тимот на ИРЛ во 2018 година како истражувачки новинар – практикант во рамки на проектот за обучување на идни медиумски лидери. Во јуни 2023 година таа доаѓа на позицијата уредник за комуникации задолжен за спроведување на комуникациската стратегија на ИРЛ како дел од тимот за комуникации и продукти.

Mаја Јовановска

Mаја Јовановска

Истражувач и новинар

Mаја Јовановска е дипломоран новинари и следи теми од областа на корупција, криминал и правосудство. Во долгогодишната кариера работела во бројни медиуми како А1 телевизија, Канал 5 телевизија, Алсат и порталот НОВАтв пред да се придружи на основачкиот борд на ИРЛ во 2018. Добитник е на домашни признанија и награди и има учествувано на голем број обуки и конференции од областа на истражувачкото новинарство. Била член на раководството на Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници на Македонија и Советот на Етика во медиумите во Македонија, а моментално е дел од раководството на ЗНМ.

Александра Денковска Гоцевска

Александра Денковска Гоцевска

Истражувач и новинар

Александра Денковска Гоцевска е дипломиран новинар со десетгодишно искуство. Работела во дневниот весник Нова Македонија, новинската агенција Мета.мк и порталот НОВАТВ. Во текот на кариерата работела на теми од областа на политика, урбанизам, судство и корупцијата. Со истражувачко новинарство започнува да се занимава во 2015 година кога доаѓа да работи како репортер во истражувачката редакција на НОВАТВ. Учесник е на десетици конференции и работилници за истражувачко новинарство. Автор е на првата андеркавер истражувачка сторија во Македoнија за животот на децата од домот 25 Мај.

Александар Јанев

Александар Јанев

Истражувач и новинар

Александар Јанев е дипломиран економист кој својата кариера како економски новинар ја започнува во 2008 во телевизијата Алфа. Вештините за професионално известување ги учи од врвни економски новинари преку обуки во земјава, но и во странство во новинската агенција „Ројтерс“, Велика Британија. Во 2010 година преминува во печатениот медиум Капитал, каде што работи до 2022 година. Во меѓувреме работи како постојан соработник на Балканска истражувачка репортерска мрежа (БИРН), а од 2018 година е и автор и уредник на ТВ проектот „Агенда 35“ што се емитува на Македонската радио телевизија. Од 2023 е дел од тимот на ИРЛ и следи корупција и економски криминал.

Иван Блажевски

Иван Блажевски

Истражувач и новинар

Иван Блажевски е новинар кој се занимава со теми од областа на меѓународни односи, криминал и корупција. Од 1998 година работи како новинар, а од 2001 година е уредник и дописник на шпанската државна новинска агенција EFE за Македонија, Албанија и Косово. Во својата долгогодишна кариера, Блажевски работел во бројни медиуми како Макпрес, Франс Прес (AFP), Вечер, Дневник, Време и Радио Слободна Европа, а 18 години бил уредник на вестите и документарната програма во ТВ АЛСАТ. Блажевски се придружува на тимот на ИРЛ во 2024 година. Добитник е на награда за истражувачко новинарство од Македонскиот институт за медиуми (МИМ). Има произведувано телевизиски програми во повеќе држави и региони, вклучувајќи Јапонија, Гренланд, Боливија, Кина, Непал, Бангладеш, источна Африка, Куба, Перу, Данска, Италија, Германија и други.

Пелагија Младеновска Стојанчова

Пелагија Младеновска Стојанчова

Истражувач и новинар

Пелагија Младеновска Стојанчова е новинар со над 16 години искуство во медиумската сцена. Својата кариера ја започнува во дневниот весник „Шпиц“ во 2008 година и во неделникот „Сега“. Од 2009 година се придружила на тимот на Радио Слободна Европа на македонски јазик, каде известува за политика, криминал, корупција и економија преку различни медиумски платформи. Од 2024 се вработува во ИРЛ како истражувачки новинар. Дипломирала на Филозофскиот факултет и продолжила образованието на Школата за новинарство на Македонскиот институт за медиуми (МИМ). Во текот на нејзината кариера работела на проекти за едукација и менторство на млади новинари.

Лука Блажев

Лука Блажев

Графички дизајнер

Лука Блажев е графички дизајнер во ИРЛ кој станува дел од тимот во 2019 година. Неговата кариера во полето на графички дизајн и уметност започнува во 2017та година преку работа на повеќе проекти за различни домашни и странски компании. Во ИРЛ, Блажев е задолжен за изнаоѓање графички решенија за истражувањата и дизајн на промотивните содржини кои произлегуваат од истражувањата, а ја следат комуникациската стратегија на ИРЛ. 

Трифун Ситниковски

Трифун Ситниковски

Режисер на "Редакција"

Трифун Ситниковски работи во филмската индустрија повеќе од една деценија. Има снимено повеќе од десетина кратки акциони филмови, кратки документарни филмови и три ТВ серии на кои работел како сценарист, режисер и извршен продуцент. Покрај режија на филмови, има работено и на бројни проекти како продуцент, монтажер, кинематографер, асистент на режисер и претпоставен за сценарио на кратки филмови, ТВ емисии, документарни филмови, реклами и музички спотови. Неговиот последен проект како режисер и сценарист е на документарниот серијал „Редакција“.

"Трајче

Трајче Антоновски

Kинематографер

Трајче Антоновски е снимател и дел од кинематографите на документарниот серијал „Редакција“. Антоновски повеќе од 10 години работи на визуелна реализација на спортски натпревари под покровителство на УЕФА и ЕХФ. Работел во информативната редакција на А1 и порталот НОВА ТВ, а бил дел од тимот за реализација на политичките емисии “Еврозум”, “Проверено”, но и на бројни забавни проекти како популарниот квиз „Кој сака да биде милионер“,„50-50“ и други проекти. Во ИРЛ Македонија е  дел од тимот задолжен за екранизација на сториите.

Горјан Атанасов

Горјан Атанасов

Монтажер и видео уредник

Горјан Атанасов е филмски и ТВ монтажер со повеќе од 8 години искуство во филмската и телевизиска индустрија. Атанасов има работено на повеќе играни и документарни проекти. Досега, како монтажер, се има потпишано на 6 кратки играни, 2 долгометражни документарни филмови, а моментално во ИРЛ работи како монтажер на документарниот серијал „Редакција“ и на кратките видео стории и мултимедијални проекти на организацијата.

„Поштенска банка“ е случај стар повеќе од две децении. Како се приватизирала првата државна банка се истражуваше исто толку долго. Случајот го реотвори во 2018 година тогашното Специјално јавно обвинителство. Но, по распадот на СЈО, случајот го презеде Обвинителството за гонење организираниот криминал и корупцијата. 

На 13 јуни 2024 година Кривичниот суд во Скопје, поради политичката интервенција на владата на СДСМ и ДУИ во спорните измени на Кривичниот законик, ја запре постапката. Таа се водеше против бизнисменот Томе Главчев, актуелен претседател на Кошаркарската федерација на Македонија, потоа Ратко Димитровски, поранешен градоначалник на Кочани од ВМРО-ДПМНЕ и адвокатот Зоран Шуклев.

Тие беа гонети за делата злоупотреба на службената положба и за перење пари. Преку надзорот било утврдено дека во решението на Кривичниот суд не е наведено по кој член од Законот за кривична постапка (ЗКП) се запира постапката.

Обвинителството за гонење на организираниот криминал и корупцијата, незадоволно од одлуката на Кривичен, поднело жалба со образложение дека Главчев, Димитровски и Шуклев треба да одговараат барем за делото перење пари.

Сепак, вишиот јавен обвинител Јован Цветановски се откажал од правото на жалба пред Апелација, а таквата одлука ја објаснил преку службена белешка во која причините за повлекување од жалбата биле, како што се наведува во надзорот, целосно контрадикторни и нејасни.

„Јавните обвинители Лиле Стефанова и Елвин Вели сметаат дека со откажувањето од жалбата на Основното јавно обвинителство за гонење на организираниот криминал и корупцијата, јавниот обвинител од Вишото јавно обвинителство Скопје не постапил професионално, стручно и законито“, стои во извештајот. 

Но, обвинителот Џелал Бајрами сметал дека Цветановски постапил согласно неговите надлежности. Со откажувањето од жалба Апелацискиот суд повеќе немал можност да расправа по жалбата на Обвинителството за гонење на организираниот криминал и корупцијата и случајот бил затворен.

Вториот случај е за бесправно градење во Зелениково на Драган Павловиќ-Латас и неговите двајца браќа Звездан и Срѓан Павловиќ. Кривичниот суд ги ослободил од вина на 4 јули 2019 година, а на 18 јули 2022 година на повторното судење била донесена истата одлука. 

Јавното обвинителство Скопје поднело жалба која на 10 октомври 2023 година била уважена и била закажана седница пред Апелацискиот суд во Скопје. На 6 ноември 2023 предметот бил рефериран во Јавното обвинителство каде што биле присутни тогашниот државен обвинител Љубомир Јовески, јавните обвинители Ферат Елези и Соња Симовска и вишите јавни обвинители Мустафа Хајрулахи и Јован Цветановски.

„Заклучокот по однос на реферирањето на јавниот обвинител кој го застапува предметот пред Апелацискиот суд да предложи да изготви вештачење дали преземените дејствија во предметот во градежните работи претставуваат подготвителни дејствија и да се утврди датумот на отпочнување на градежните работи. Да се повика вешто лице на главната расправа и да се расчистат дилемите“, пишува во извештајот од надзорот во ВЈО Скопје. 

Веќе следниот ден одбраната на браќата Павловиќ пред Апелацискиот суд доставила нов доказ - наод и мислење изготвено од вешто лице. Цветановски побарал рочиштето да се одложи за вкрстено да може да го испраша вештакот. Но, тогаш според надзорот се случило следното:

„Јавниот обвинител на расправата не ги поставил прашањата што ги најавил на записник од 7.11.2024 година, а на поставените прашања не добил одговор од вештото лице на спорните прашања од реферирањето пред Јавното обвинителство на Република Северна Македонија“, пишува во извештајот. 

Цветановски не постапил по насоките добиени на колегиумот во обвинителството да се изготви вештачење и наместо тоа го прифатил вештачењето на адвокатите на одбраната.

„Јавниот обвинител постапил спротивно на член 37 од Правилникот за внатрешно работење на јавните обвинителства според кој заземениот став и мислење по реферирањето е задолжителен за пониското јавно обвинителство“, напишале обвинителите Лиле Стефанова и Елвин Вели во документот од надзорот. 

Но, третиот член на комисијата за надзор, Џелал Бајрами, бил со став дека Цветановски постапил согласно заклучоците од реферирањето пред колегиумот во обвинителството.

Третиот предмет кој бил анализиран е случајот „Серта“ за тендери за чистење владини институции. Предметот стигнал во Вишото обвинителство откако Основното обвинителство поднело жалба на одлуката на Кривичниот суд.

Овој суд при оцена на обвинителниот акт ги прифатил приговорите на обвинетиот Спасо Ѓеорѓиев и фирмата „Серта“ кои биле гонети за злоупотреба на постапката за јавен повик. ОЈО на 29 јануари 2024 година ја обжалило ваквата одлука на судот.

Токму за овој случај има известување за вршење притисок врз службеничка во Вишото јавно обвинителство Скопје која ги архивирала и распределувала предметите. Добила наредба од тогашниот шеф на Вишото обвинителство Мустафа Хајрулахи со насоки кај кој обвинител да го додели случајот.

„За предметот ‘Серта’ ми беше кажано да му го заведам и дадам на јавниот обвинител Јован Цветановски“, изјавила службеничката Даниела Лапе, вработена во ВЈО Скопје, чие сведочење е дел од извештајот од надзорот.

На рочиштето на 9 април 2024 година во Апелацискиот суд, вишиот обвинител Цветановски се откажал од жалба.

„Од увидот во службена белешка од 9.4.2024 година видно е дека јавниот обвинител ги анализира доказите приложени кон обвинителниот акт, што е спротивно на одредбите од Законот за кривична постапка, член 336 и член 337, имајќи ја предвид фазата во која се наоѓал предметот“, пишува во извештајот од надзорот.

Во оваа насока е и правното мислење на Врховниот суд од 7.12.2021 година дека Советот за оцена на обвинителен акт не ги анализира доказите ниту, пак, го оценува квалитетот на доказите. Тој само треба да внимава дали некој доказ е прибавен на незаконит начин, нешто што требало да биде фокус за произнесување и на Јован Цветановски.

„За предметот е донесена пресуда на Врховниот суд на Република Северна Македонија 11.9.2024 година. Во оваа пресуда е констатирана повреда на законот во корист на обвинетите, а во самата пресуда е наведено дека ваквата повреда, сторена од страна на Советот за оцена на обвинителен акт, можела да биде санирана доколку Вишиот јавен обвинител не се откажал од изјавената жалба“, стои во документот од надзорот. 

Јавните обвинители Лиле Стефанова и Елвин Вели во заклучоците за овој предмет напишале дека со откажувањето од жалбата обвинителот Цветановски не постапил професионално, стручно и законито и се впуштил во анализа на докази и постоење на умисла за сторување кривично дело. Но, тоа требало да го утврдува надлежен суд. Сепак, и за ова јавниот обвинител Џелал Бајрами сметал дека Јован Цветановски постапил согласно неговите надлежности. 

Последниот, четврти, случај кој бил контролиран повторно е на обвинителот кој е под бројот римско два - Јован Цветановски. Станува збор за точење алкохолни пијалаци на дете.

Судот во Неготино ги прогласил за виновни Ѓорѓи Лазов и Илија Вангелов и правното лице ДПТУ „С.О.С. обезбедување“ ДОО Неготино. Обвинетите биле незадоволни од пресудата, па поднеле жалба по што бил оформен предмет во ВЈО Скопје.

На 3 февруари 2023 година Апелацискиот суд во Скопје ја укинал пресудата и предметот го вратил на повторно судење. Јован Цветановски не се појавил на јавната расправа во Апелација, а претходно ВЈО Скопје оценило дека жалбите на обвинетите се неосновани.

На 8 мај 2023 година судот во Неготино донел нова пресуда во која обвинетите биле прогласени за виновни, по што тие повторно поднеле жалба.

„На 23.8.2023 година од страна на јавниот обвинител во Вишото јавно обвинителство Скопје, Јован Цветановски, до Апелацискиот суд Скопје е доставен писмен предлог КОЖ.бр. 1187/23 со кој се предлага жалбите на обвинетите да се одбијат како неосновани“, се наведува во извештајот од надзорот. 

Цветановски дополнително објаснил дека во повторното судење судот во Неготино постапил по насоките дадени од Апелација и биле отстранети сите констатирани повреди во првостепената постапка. Но, само неколку месеци подоцна Јован Цветановски се премислил.

„На расправа на 26.12.2023 година јавниот обвинител се откажува од обвинението. Од увидот во пресудата на Апелацискиот суд Скопје на расправата пред судот не бил изведен ниту еден нов доказ и со ништо не била променета фактичката состојба од моментот на давањето на предлогот“, стои во извештајот од надзорот.

На истиот ден, 26 декември 2023 година, Цветановски изготвил службена белешка дека се откажал од обвинение затоа што немало докази за делото.

За ваквиот начин на постапување, единствено мислење имаат сите тројца обвинители кои го вршеле надзорот, Лиле Стефанова, Елвин Вели и Џелал Бајрами, кој за претходните три случаи беше со став дека Цветановски постапувал законито. Сега и Бајрами сметал дека Цветановски постапил спротивно на правилата.

„Јавните обвинители Лиле Стефанова, Елвин Вели и Џелал Бајрами сметаат дека, имајќи ги предвид писмените предлози во двете постапки и ставовите искажани во нив, а во ситуација кога на главната расправа не се изведени нови докази, со откажувањето од обвинението јавниот обвинител не постапил професионално, стручно и законито“, нотирале тројцата обвинители во извештајот од надзорот.

Но, извештајот кој содржи 20 страници е потпишан само од обвинителите Лиле Стефанова и Елвин Вели. Џелал Бајрами не се потпишал на документот кој откако бил изработен му бил доставен на тогашниот државен обвинител Љупчо Коцевски.

Во прилог на извештајот има службена белешка од Бајрами, како и известување од петте службенички за начинот на кој Мустафа Хајрулахи им вршел притисок да заведуваат и распределуваат предмети во Вишото обвинителство додека бил шеф.