Press "Enter" to skip to content

Обвинителството се пресметува со новинарите, груби лаги и напади кон работата на ИРЛ

Републичкото јавно обвинителство испрати јавна реакција по повод одговорот на текстот на ИРЛ во којшто тие повторно тврдат дека ИРЛ лаже и дека германското вештачење било земено предвид на судењето во Тетово. Ова е втор напад кон новинарите на ИРЛ и нови лаги коишто ги дистрибуира оваа институција до медиумите. Недоличен е начинот на којшто Љубомир Јовески, шефот на оваа институција чијашто работа е и предмет на ова истражување да…

Записник од рочиште го демантира Јовески: Обвинителите го отфрлиле германското вештачење како беспредметно

Обвинителите барале тетовскиот суд да ги отфрли германските вештаци за сведоци со образложение дека германското вештачење било „беспредметно“ за овој случај. Тие самите го завеле вештачењето како доказ, без да образложат за што е доказ, а потоа бараат за истото да не се расправа. На аудио снимката од судското рочиштe обвинителите Зорица Павловиќ и Дејан Петрески од скопското обвинителство го отфрлаат барањето за расправа и сведочењето на германскиот експерт и…

Реакција од Министерството за здравство и одговор од ИРЛ

Министерството за здравство испрати реакција до ИРЛ насловена како демант за наводно  изнесени невистини во документарниот филм „Убиство во Тетово“. ИРЛ ја објавува реакцијата на министерот Фатмир Меџити проследен со барање за јавно извинување и дополнително ги изнесуваме нашите одговори на оваа реакција. Во реакцијата, Меџити тврди дека претходниот министер Беким Сали не го раскинал Договорот со изведувачот „Брако“ за изградба на модуларни амбуланти во Скопје и дека досега не…

Протест во Тетово за жртвите од модуларната болница, граѓаните бараат разрешување на Љубомир Јовески

Мирен протест со гласни пораки директно упатени до правосудните органи. На денешниот протест во Тетово, стотина граѓани бараа правда за 14-те сограѓани кои изгореа во пожарот во модуларната болница пред две години. На протестот присуствуваа граѓани од Тетово, но и од други градови во земјава. Протестот се одвиваше мирно, со гласни пораки упатени до надлежните институции. Се бараше разрешување на јавниот обвинител Љубомир Јовески и останатите обвинители вклучени во предметот…