Македонија за прв пат подготвува Закон за младинско учество и младински политики. Идејата е да се зајакне учеството на младите во носењето одлуки кои директно ги засегаат. Повеќе од 30 луѓе работеле на оформување на предлог Законoт којшто беше најавен пред речиси две години. Работната група не се согласувала околу многу прашања, а се одлучувало со консензус, па затоа и било потребно повеќе време. Помеѓу членовите на работната група се…
Александар Ружин носел важни инвестиции и бил важен за НАТО и одбраната. Преговарал и со инвеститори за производство на оружје. Додека Венко Андоновски е ангажиран поради неговата стручност, но и фактот што дел од времето живеел во Белград, па логично било да работи на Македонскиот културен центар. Ова е накусо одговорот на прашањето на ИРЛ до премиерот Зоран Заев за тоа дали советниците кои тој самиот ги бира се вклучени…
Младинскиот тим „Крик“ на Истражувачката репортерска лабораторија секоја недела ќе емитува интервјуа и анализи чија мисија е да ги прикажат големите проблеми од сферата на владеењето на правото и борбата со корупција преку потребите и проблемите кои ги мачат младите. Дел од нашата мисија е да им дадеме глас и видливост на идните лидери во јавниот живот и да го претставиме неискористениот потенцијал на храбрите, прогресивни млади кои останаа во…
Секоја трета набавка направена со државни пари била само со една понуда, а фаворизирањето на одредени компании и потиснувањето на конкуренцијата се дел од клучните наоди во најновиот извештај на Центарот за граѓански комуникации (ЦКГ) од мониторингот на јавните набавки спроведен во втората половина на 2018 година. Нема област во која нема фаворизирани компании, односно во голем дел од случаите фирмите се однапред избрани за да го добијат тендерот. Во…

















