Аферата со евентуалните неправилности во вториот пензиски фонд која ја објави министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, нема да добие судска завршница. Основното јавно обвинителство Скопје, денеска објави дека донело резолуција со која одлучило дека во овој случај нема место за постапување. „По сознанијата и доказите кои беа собрани и превземени од Основното јавно обвинителство Скопје не се дојде до степен на основи на сомнение дека конкретно службено…
Обвинителството за организиран криминал и корупција до Кривичниот суд поднесе обвинение против поранешниот претседател на Собранието трајко Вељаноски, ексминистрите Миле Јанакиески и Спиро Ристовски и против поранешниот директор на УБК Владимир Атанасовски за Терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста како организатори на нападот на Собранието на 27 април 2017 година. За Никола Груевски и Никола Бошковски, кои во моментов се недостапни на органите на прогонот, постапката е запрена до…
Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) се огласи по написите на ИРЛ Македонија дека активни новинари истовремено се советници и соработници во владата. Здружението на новинари на Македонија ги повикува своите членови и сите новинари кои имаат конфликт на интереси и имаат други ангажмани во рамки на Владата или останати јавни институции да се определат дали ќе се занимаваат со новинарство или со некоја друга јавна професија или функција. „По…
Истражувачката репортерска лабораторија изминатите три дена објави серијал стории за надворешните соработници на премиерот Зоран Заев. Тој има вкупно 39 надворешни советници од речиси сите области – од економија, дипломатија, здравство, регионална политика, социјала, спорт, односи со јавноста итн. Меѓу нив има домашни и меѓународни истакнати професионалци, но и контроверзни ангажмани. ИРЛ побара одговори од Владата како се мери нивниот успех или дали имаат резултати во работењето? „За сите тековни…

















