Ќе се потрошат десетици илјади евра на маркетинг услуги. Дел од парите ќе одат за реклама во медиумите, друг дел за пиар агенција којашто ќе организира прес конференции. Ќе има и за флаери и брошури. Сето ова за борба против загадувањето, или барем така тврдат во ПОЦ бидеќи во самата тендерска документација нема вакви објаснувања. На страната на Јавни набавки осамна еден невообичаен оглас од Паркинзи на Општина Центар. „Реклама…
Адвокатот Зоран Стојановски од Тетово е подносителот на иницијативата за оценување на членот 11-а од Законот за помилување од 2016 година. Стојановски иницијативата ја поднел пред три и пол години веднаш по амнестијата на поранешниот Претседател Ѓорѓе Иванов за 56 функционери и зачуден е зошто дури сега највисокиот суд донел одлука да ја разгледува. „Немам одговор на ова прашање. Тоа го знае само Уставниот суд“, рече адвокатот Стојановски за ИРЛ.…
За Уставниот суд подносителот на иницијатива бил ирелевантен. Важна била самата иницијатива, а кој ја поднел не кажувале бидејќи тоа лице можело да има последици по безбедноста. Извори во Судот за ИРЛ велат дека тоа лице е еден од адвокатите на помилуваните – одмилувани од страна на Ѓорѓе Иванов. Веќе два дена Истражувачката Репортерска лабораторија бара одговори од Уставниот суд да го открие името на подносителот на иницијативата за член…
И покрај алармирањата од страна на јавноста, од самите ревизори и известувањата од медиумите, политичкиот пазар меѓу партиите во Собранието и понатаму останува главната блокада зошто се уште нема директор на Државниот завод за ревизија. ИРЛ во октомври пишуваше дека реалните проблеми на Ревизија можат да настанат во ноември, а денес на прес-конференција околу 60 вработени од оваа институција алармираа дека се целосно блокирани со неисплатата на плати и годишната…

















