Ваквата комуникација на „Аџибадем Систина“ несомнено може да се толкува како притисок врз редакцијата на „ИРЛ.мк“ и претставува директен обид за цензура што е апсолутно недозволиво во едно демократско општество, особено за теми кои се од поширок јавен интерес Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) ја осудуваат непримерната комуникација на „Аџибадем Систина“ кон новинарите од редакцијата на истражувачката новинарска платформа „ИРЛ.мк“…
По повод вчерашниот текст објавен на страницата на ИРЛ, болницата „Аџибадем Систина” испрати реакција во којашто бара да се извиниме и да ја објавиме реакцијата во целост, во спротивно ќе не тужи. Тие тврдат дека ги наоѓаат за неточни фактите изнесени во текстот, без притоа да ги посочат кои се неточните наоди. Во реакцијата на приватната болница, помеѓу другото, се вели следново: „Можеме да заклучиме дека исклучително добро располагате со…
Во двете стории објавени минатите два дена, ИРЛ анализираше какви се неетичките пракси на приватните болници кои тестираат од КОВИД – 19. Во денешниот влог ви го покажуваме и патот до тестирање. Автори: Деница Чадиковска и Давид Илиески; Продуцент: Давид Илиески Масовното тестирање, иако се вбројува меѓу дел од успешните методи за контрола на заболени и спречување на нови случаи е скап модел кој не секоја држава може да си…
Автор: OCCRP; адаптираше за ИРЛ: Ива Јовановска Без вообичаениот процес на наддавање, руските власти доделија договор вреден 190.000 илјади американски долари на Евгениј Пригожин, сопственик на ресторани и кетеринг служби за храна, близу Кремљ, за да обезбеди храна на пациентите во болниците заболени од Ковид-19, објави „Москва Тајмс“. Според веб-страницата за набавки на руската влада, угостителската компанија „АВК“ на Пригожин требало да започне со снабдување на градската болница „Комунарка“, која…

















