ИРЛ открива дека потенцијално разорните ефекти кои што инфлацијата ќе ги има врз кревката македонска економија, можеле да бидат во голема мера избегнати доколку водечките политички елити во изминатите две децении се грижеле за стратешките интереси на државата: обезбедување храна и обебедување енергија за своите луѓе. Ништо од ова не се направило поради длабоката корупција и непотизам кои спречиња креирање на здрави јавни политики. Пишува: Горан Теменугов; Дополнително известување: Дајана…
Пишува: Лила Караташева Вонреден инспекциски надзор ќе се прави за Деталниот урбанистички план Ј 07, кој меѓу другото овозможува да се гради и на падините на Водно. Инспекција ќе врши Државниот инспекторат за урбанизам и градежништво, oткако граѓаните од улицата „Питу Гули“ негодуваа што над нивните куќи каде што започнува парк шумата Водно треба да никне нов бетонски монструм во режија на фирмата „Маркеза“. Силните реакции на жителите и јавноста…
Архитектонско-урбанистичкиот проект (АУП) со кој се предвидува изградбата на 87 луксузни куќи во рамките на „Радика вилиџ“ во село Леуново е донесен без водостопанска согласност од страна на Министерството за животна средина со што се става под знак прашалник законитоста на овој документ за плански опфат што го одобрила Општина Маврово и Ростуше. Ова е дел од заклучоците на Државниот инспекторат за животна средина кој на 27 декември направил инспекциски…
Дивоградбите во „Радика вилиџ“ засега нема да се уриваат. Второстепената владина комисија за инспекциски надзор го поништи решението на општината Маврово и Ростуше за уривање на девет објекти во „Радика вилиџ“ и ја прифати жалбата на инвеститорот. Причината не е затоа што тие се легални објекти, туку бидејќи градежниот инспектор на општината Маврово и Ростуше изготвил „аматерско“ решение за уривање, надвор од сите прописи и правилници. До општината и до…

















