Press "Enter" to skip to content

Последните камења од „Тврдината“ паѓаат во дворот на Иванов

Во 2016 и 2017 година паралелни структури од подземјето и безбедносните служби градат тврдина за опстанок на ВМРО преку преземање на државата. Први се разнишаа темелите на тајната полиција, но твдрината е на готовс да падне и во дворецот на претседателот. Автори: Сашка Цветковска и Александра Денковска Гоцевска; редактура: Борис Георгиевски; графика: Елена Митревска; насловна фотографија: Роберт Атанасовски Сведоците во судскиот случај за настаните од 27 април неделава за прв пат…

Унгарија во серија смени на директори во Македонски Телеком

Во истиот час кога Груевски се пофали дека е безбеден во Будимпешта, Маѓар Телеком постави нови директори во Македонски Телеком. Кога Никола Груевски преку проглас на социјалните мрежи објави дека добил азил од унгарската влада, речиси истовремено, централниот регистер на компании на Македонија попладнето објави дека се промениле дел од директорите во одборот на Македонски Телеком. Причина е заминувањето на стариот директор од Будимпешта. Во изминатите три месеци се промениле…

Виктор и Никола: Историја на една долга врска од интерес

Што имаат заедничко Виктор Орбан и Никола Груевски? Што е она што толку го задолжи унгарскиот премиер за тој да му пружи засолниште на озлогласениот балкански автократ? Врските меѓу Груевски и самопрогласениот заштитник на христијанството во Европа одат многу подлабоко од последната владејачка декада на актуелниот македонски бегалец од правдата. И двајцата не сакаат бегалци – муслимани. И двајцата имаат заеднички замислен непријател – милијардерот Џорџ Сорос. Зборот „либерал“ го…

Притворен е Сашо Мијалков

Поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, вечерва е приведен од хотелот Мериот и однесен во истражниот затвор Скопје во Шуто Оризари. Од СЈО за ИРЛ изјавија дека Мијалков е притворен за случајот „Тврдина – Таргет“ за масовното нелегално прислушување и му е одреден 30 дневен притвор. Директорот на затворот Ѓоко Котевски ни потврди дека вечерва во Шутка донесен Мијалков. Пред само една недела специјалната обвинителка Катица Јанева изјави дека нема…