Киндер јајцето одлучи кој ќе биде заменик претседател, а преполната сала новинари и сниматели навести дека новиот состав на Антикорупциската комисија ќе има сериозен притисок да ги исполни ветувањата за транспарентност и отвореност кон јавноста. За прв пат по повеќе години, на редовна седница на Антикорупциската комисија влегоа камери. На лотарија со Киндер јајце баџанакот на Талат Џафери, Нури Бајрами, избран за заменик претседател На почетокот на седницата, веднаш по…
Истрагата на СЈО за случајот „Империја“ во која главни осомничени се Јордан Камчев и Сашо Мијалков водат и кон „Фершпед“. СЈО обезбеди докази како Камчев и Мијалков ја надитриле Кираца Трајковска, еден од мнозинските сопствениците да ги продаде акциите во „Фершпед“. Медиумите во тој период, 25 декември 2013, објавуваат информации дека сосема неочекувано Кираца Трајковска го продала својот удел од 11 проценти во компанијата. „Потегот на Трајковска, која ги продаде…
Со цел да не се шират дезинформации објавуваме мало дообјаснување за оваа сторија за „Империја“. Сторијата е објавена на 12 февруари 2019 година, а не на денешниот датум. Со оглед дека многумина читатели деновиве ја споделуваат сторијата, должни сме да објасниме дека поради софтверски проблем сите текстови на ИРЛ од неодамна се објавуваат со актуелниот датум. Во скоро време овој проблем ќе биде остранет. Десетици фирми се дел од истрагата…
Лесно е да го вработиш, тешко е да ги избркаш ако не работат, ова отприлика би можела да биде сумираниот заклучок од анализата на Институтот за демократија кој ги објаснува слабостите во законите и постапките кои уредуваат назначувања во управните и надзорните одбори. Ниски и преопшти критериуми: Речиси 120,000 граѓани исполнувале услов за членови на управен одбор на државно Скоро 6% од вкупното население во државата е погодно да стане…

















